19 Мај, 2024
0.0271

КОИ СЕ ПЕТТЕМИНА НАЈМОЌНИ НА БАНКАРСКАТА СЦЕНА - за девет месеци профитираа со 120 милиони евра

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во време кога се очекува малку поконкретен банкарски одговор дали и кога ќе почне позначајното зголемување на нивните каматни стапки, што секако дека е неминовно особено сега, по последното покачување на основната камата од Народната банка до ниво од 4,25 отсто, една друга информација вреди да се одбележи за банкарскиот сектор во земјава.

Народната банка тукушто ги објави податоците за нивните профити во првите три квартали од годинава, кои, како што ќе погодите, повторно говорат за натамошен раст и уште повисоки добивки во однос на истиот период од минатата година.

Па така, во периодот од првите девет месеци од годинава домашните банки направиле вкупен профит од 131 милиони евра, наспроти нешто повеќе од 117 милиони евра остварени во истиот период од ланската година, што значи дека имаат повисоки вкупни добивки за 14 милиони евра.

Како и вообичаено, петте големи банки кои сега, особено по припојувањето на Охридска кон Шпаркасе банка, се всушност и најзначајните банкарски „капиталци“, наспроти осумте други средни и мали банки, кои оствариле многу помал профитен колач.

Или, од вкупно 13 банки, во првите три квартали од годинава, петте големи банки прикажале вкупен профит од над 120 милиони евра, наспроти средните и малите банкарски институции, чии вкупни профити достигнале заедно едвај 11 милиони евра.

Што ги изѕида банкарските профити?

Нето приходите од камати и натаму се клучниот извор на банкарските приходи, достигнувајќи во трите квартали од годинава над 205 милиони евра.

Што значи, колку и да се ниски или високи банкарските камати, разликата меѓу оние на кредитите и на штедните влогови секогаш ќе биде доволно голема за банкарите да си осигураат одлични профити, а со тоа и солидни менаџерски бонуси, но и плати за банкарските работници.

Во првите девет месеци лани, пак, нето приходите од камати биле на ниво од нецели 189 милиони евра, што е за околу 17 милиони евра помалку од годинава. Тоа говори дека нето приходите од камати не само што се издашен извор на приходи за банките, туку и покажуваат одличен раст од период во период и ја билдаат стабилноста на банкарските профити.

Иако многу пониски, нето приходите од провизии и надоместоци се и тоа како солиден „бунар“ за црпење на банкарската профитабилност. Во првите девет месеци од годинава од нето приходи од камати се остварени  74,3 милиони евра, нспроти 66,7 милиони евра во истиот временски тајминг од минатата година.

И курсните разлики не се приход за потценување, дотолку повеќе што имаат одличен раст во првите три квартали од годинава во однос на истиот период лани, и тоа за осум милиони евра, достигнувајќи 21 милиони евра на крајот на октомври оваа година.

А, не лоша сума банките инкасирале од останатите приходи од дејноста, иако мора да се признае дека годинава тој извор значајно им потфрлил, и бил на износ од 31 милиони евра, што е помалку за цели 12 милиони евра во однос на ланските близу 43 милиони евра.

На расходната страна, пак, добро е што банките забележале пад на трошокот кој е поврзан со лошите кредити, односно исправките на вредноста, кои од 49 милиони евра лани, годинава се свеле на нецели 43 милиони евра.

За околу четири милиони евра, пак, банките ги зголемиле трошоците за своите вработени, со тоа што за три квартали од годинава достигнале околу 67 милиони евра, што значи поверојатно дека се зголемиле банкарските плати и награди отколку бројот на вработените во банкарскиот сектор.

А, најголемиот трошок, пак, на банкарите, им го направиле останатите расходи од дејноста, кои достигнале 76,5 милиони евра во првите девет месеци од годинава, наспроти 69,2 милиони евра во истиот период лани.

Лани во земјава функционираа 14 банки, за разлика од сега кога на банкарската сцена постојат 13 банкарски институции, иако не станува збор за губење на банкарска супстанца, бидејќи се споија две банки, односно Охридска кон Шпаркасе банка, со што една голема и една средна банка, сега функционираат како една голема банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат