06 Мај, 2024
0.0256

Кои се шампиони во продажба на чевли и патики?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во земјава лани имало седум компании кои се занимаваат со продажба на обувки во специјализирани продавници, а направиле приход поголем од еден милион евра. Гигантите за продажба на обувки во специјализирани продавници (брендирани обувки) лани генерирале кумулативен приход поголем од 32 милиони евра!!!

Колку трошиме за чевли годишно? Прашање на кое никој не може да го даде точниот одговор. Чевли, патики, потпетици.... потреба, моден детал, статусен симбол, а за многумина моден фетиш. Во земјава има повеќе лани на малопродажни места специјализирани за обувки предмети изработени од кожа (поконкретно ташни, каиши и други аксесоари). Од нив дури седум компании лани оствариле приходи кои надминуваат еден милион евра.

Познатиот спортски бренд Спорт Висион е убедливо компанија со најголемо пазарно учество во сегментот на трговија на мало со обувки во специјализирани продавници. Скопската компанија, која е во сопственост на „Спорт Висион ДОО“ од Бјелина, Репубика Српска лани оставрила приход од 18,5 милиони евра што е раст од 17 отсто во споредба со 2018 година. Ова друштво на нашиот пазар е убедливо и најуспешната компанија. Нејзината добивка лани изнесува 1,7 милиони евра шт е за 33 отсто повеќе од претходната година. Профитната маргина на друштвото е речиси 10 отсто што е солиден профит за трговска компанија.

Прочуениот „Пеко“ е на второ место по остварените продажби во конкуренција на најголемите седум компании од оваа дејност. Фирмата на Елена и Биљана Ангеловски и на Зоран Јовески лани остварила приход од 5,4 милиони евра што е за 7 отсто повеќе од претходната година. Добивката лани изнесува 173.000 евра и е за 60 отсто помала од претходната година.

Во конкуренција на седумте најголеми продавачи на чевли и патики е Делта Спорт подружница на српската фирма „ЃАК Белград“ со приход од 3,1 милиони евра што е за 18 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на друштвото е 163.000 евра што ланската година ја прави за три пати поуспешна од 2018 година.

„Скатер КМ“ е на четврто место со приходи од 1,7 милиони евра што е за раст за 14 отсто. Во ова друштво сопственици се Петар Јовановски и друштвото Квазар Петар ДООЕЛ. Добивката на компанијата е 72.000 евра што е за 6 отсто послабо од претходната година.

Увозникот на прочуените патики „старки“ и англиските модни „евергрин“ чевли „Док Мартенс“ е скопски „Артурс“. Ова друштво, сопственост на Адна Хоџа, лани оставрило приход од 1,4 милиони евра што е во рамки на работењето и во претходната година. Добивката е 84.000 евра и таа е за 33 отсто помала од претходната година.

„Фади и Мат“ е скопска фирма чии сопственици се Фаредин Исмаили и Хајредин Исмаиљи. Нивната компанија остварила приход од 1,4 милиони евра (5 отсто подобро од претходната година) и добивка од 64.000 евра што е за 9 пати подобар резултат од 2018 година. По параметар раст на профит во 2019 во одос на 2018 година ова друштво е најуспешната компанија во оваа конкуренција.

Најмал во „премиер“ лигата на трговци на мало во специјализирани продавници е тетовското друштво Адриа Спорт. Семејната компанија на Бесник и Зендел Ферати лани остварила приход од 1,1 милиони евра (пад од 32 отсто во однос на 2018 година) и добивка од 76.000 евра што е на половина од добивката во претходната година.


Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?