04 Мај, 2024
0.0244

КОИ СЕ ТОП ПЕТ НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВРАБОТЕНИ - за програмерите нема криза, стигнаа до 1.100 евра

Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика ја објави платата за септември, која тежи 27.405 денари, и која за изненадување, во време на криза, во однос на претходниот месец, август, покажува само мал пад од 0,5 отсто, додека, пак, во однос на септември минатата година се зголемила за 7,7 проценти. 

А кој земал највисока плата во септември годинава, што ќе рече, кои се топ пет дејностите кои ни криза, ни корона не ги бие. 

Први на листата се комјутерџиите и консултантите. Или, просечната исплатена нето плата во септември во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности била на ниво од 67.216, што е 1.092 евра, или практично се доближува до 1.110 евра.

Она што е интересно е што кај комјутерското програмирање платата во септември пораснала во однос на август, за 1,2 отсто.

Втори на листата, иако далеку послаби од програмерите, се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, и каде во однос на претходниот месец има огромен раст, од дури 14,5 отсто.

Трета на листата по високи плати за своите вработени е дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799. А малку зачудувачки тука е што во однос на претходниот месец просечната плата се намалила за 0,7 отсто, што не би се очекувало да биде случај во време на корона пандемија, кога се бара лек повеќе за заболените пациенти. 

На четврто место се финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 43.113, што доволно говори дека за банкарите всушност и никогаш нема криза.

А на петтото место овој пат избиле складирање и помошни дејности во превозот, со плата од 40.515, со што всушност се пред вработените во телекомуникациите, чија плата е само нешто пониска - 40.485 денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести