07 Мај, 2024
0.0241

Кои витамини ни се потребни во текот на летото за здрав организам и енергија?

Објавено во: Стил 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во летните месеци некои витамини ни се потребни од други, за да се чувствуваме полни со енергија. Секоја сезона има свои особености и тоа неминовно се одразува на нашето тело.

По витални со витамин C од брокулите, пиперките, портокалите

Истражувањата покажуваат дека витаминот C може да му помогне на телото да се навикне на зголемените температури за пократко време. Тој ги намалува шансите и од развивање на болести поврзани со високите температури. Портокалите, пиперките и брокулите се едни од најдобрите и вкусни извори на овој витамин.

Витамин D помага да се прилагодиме кон сончевите зраци

Иако не е добро да се презаситува телото со витамин D, тој е многу важен за човечкиот организам и му помага да се приспособи кон сончевите зраци. Тој ја заздравува и кожата, ја прави помалку подложна на изгореници од сонце и помага во спречување на појава на брчки. Печурките се одличен извор на овој витамин.  

Здраво тело со витамин А

Помогнете му на телото да се опорави во последица на оштетувањето на кожата од сончевите зраци. Витамин А помага за обновување на колагенот и еластинот во кожата, кои се борат против знаците на стареење. Конзумирање на портокалите, дињи и тикви е едноставен начин за набавка на овој витамин.

Витамин Б6

Постојат неколку различни групи витамини, но сите се корисни во летните месеци. Витамин Б6 може да ви помогне во борбата против заморот во текот на летните денови. Кој извор на овој витамин е добар? Ф'стаците, гравот и млекото, исто така и месото.

Витамин Б3

Задржете го дигестивниот систем под контрола со витамин Б3. Една од непријатните работи во летните месеци е надуеност. Која храна ќе ви помогнат да се справите со тоа? Вкусни извори на протеини како пилешко и туна.

Витамин Е

Против сезонските алергии кои се случуваат во текот на летните периоди, можете да се борите со помош на витамин Е. Ако не сте алергични на снегулките, пробајте со редовно конзумирање на бадеми, кикирики и ореви.