18 Мај, 2024
0.0265

Koj бара милиони отштета од Боинг?

Објавено во: Свет 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Кинеските авиокомпании бараат отштета од Боинг.

Ер Кина и Кина садерн ерлајнс се приклучија на другите кинески авиокомпании, кои од американскиот производител на авиони Боинг побараа надомест од штетата поради приземјувањето на авионите 737 Макс.

Кинеската влада нареди приземјување на сите авиони од типот Боинг 737 Макс по несреќата на Етиопиан ерлајнс во март и на индонезискиот Лајон ер во октомври лани, во кои вкупно загинаа скоро 350 луѓе.

Овој тип на Боинг авиони е повлечен од сообраќај во земјите ширум светот, вклучувајќи ги и САД.

Кина истерн ерлајнс е првиот кинески превозник кој побара надомест од Боинг поради приземјување на флотата 737 Макс.

Кинеските компании го следат примерот на Норвешка ер, која во март од Боинг побара да ги покрие трошоците произлезени од повлекувањето на спорниот модел на авион од сообраќај.

Од трите кинески државни авиокомпании, Кина садерн располага со најголемата флота на Боинг 737 Макс - има вкупно 24. Ер Кина има 15 авиони од овој тип и Кина истерн 14.

Од Кина садерн, објавија дека побарале што е можно побрзи преговори со американскиот производител за да го утврдат планот за надомест, според новинската агенција Ксинхуа.

Барањето временски се совпадна со ескалацијата на трговската војна меѓу Кина и САД. Двете земји овој месец ги зголемија царините за производи во вредност од повеќе стотици милијарди долари.

САД воведе ограничувања и за кинескиот производител на телекомуникациска опрема Хуавеј, објаснувајќи го таквиот чекор со загриженоста за националната безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години