Добивај вести на Viber
Кинезите дефинитивно, полека но сигурно со долари ја купуваат Америка. Не само што ова го прават во реално време, за сегашните нивни потреби, во случај кога купуваат фирми, деловен простор и земјиште, тие тоа го прават и за своите идни генерации.
Неодамна една мајка од Кина, купила стан на Менхетен за 6,5 милиони долари.
Според зборовите на Кевин Браун потпретседател на „Sotheby’s International“,специјализирана за продажба на ексклузивни недвижнини во Њујорк, оваа мајка го купила станот за своето дете кое во иднина би требало да студира во овој град.
- Таа рече дека нејзината ќерка би требало да студира на универзитетот Колумбија или Њујорк
(NYU) или можеби на Харвард, поради што и е потребно да живее во центарот на градот и дека тоа е причината зошто го купува токму тој стан, вели Браун.
На прашањето на Браун колку години има нејзината ќерка, таа одговорила дека има само две години.
Според некои податоци Кинезите купиле 11 отсто од недвижнините кои се продаваат низ Њујорк, а вкупно во САД во 2012-та година потрошиле 9 милијарди долари, токму на купување недвижности.