Кој e најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија?
Објавено во: Свет 15 Јули, 2018
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија.
Хрватска го загуби финалниот меч против Франција, а Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.
Килијан Мбапе е прогласен за најдобар млад фудбалер на Светското првенство.
Наградата за најдобар стрелец му припадна на Англичанецот Хари Кејн, кој постигна шест погодоци.
Златната ракавица за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа од Белгија.
Трофејот за фер-плеј ѝ припадна на Шпанија.