Кој е поручник Антонио Кастро Еспина - Надеж за династијата Кастро
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016
Поручникот Антонио Кастро Еспина е внук на починатиот лидер Фидел Кастро и син на Раул Кастро, актуелниот претседател на Куба, па многумина го гледаат како можен наследник на тронот.
Младиот поручник има големи шанси во иднина да ја преземе претседателската функција за да ја продолжи лозата на династијата Кастро, но пречка во тоа може да биде неговото мало политичко и воено искуство, особено што во врвот на раководството на државата, но и на комунистичката партија се пред се искусни воени генерали.
Последниот мандат на неговиот татко истекува во 2018-та година, што му остава доволно простор сега кога повеќе го нема неговиот чичко да направи клучни сојузници за преземање на власта на мирен начин, без судири со военото крило. Сепак, Антонио ја нема популарноста на браќата Кастро, многумина го сметаат за привилегиран и размазен, за разлика на потомците на Фидел кои пак никогаш не покажаа политички амбиции.