16 Мај, 2024
0.0289

КОЈ Е ШТИПСКИОТ МАХЕР ШТО НА СТРАНЦИТЕ ИМ ПРОДАДЕ СТОКА ЗА 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА - работи со кондиторски производи и пецива, еве ги деталите

Објавено во: Економија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Кога е нешто добро, треба и да се пофали. Такви се финансиските резултати на компанијата „Макпромет“ од Штип, која се занимава со производство на леб, бели печива и кондиторски производи.

Тие лани покажаа дека знаат како се работи и како од лебот може да се „измеси“ годишна нето добивка од 428 илјади евра. Резултат за респект, дотолку повеќе што станува збор за речиси трикратно зголемување на профитот, односно за цели 184 проценти.

А, дека на компанијата и одело навистина добро, покажуваат податоците за нејзините приходи од продажбата, кои и донеле вкупно 6,7 милиони евра, сосема солидна сума постигната од основната дејност.

Иако, треба да се напомене дека во описот на ова друштво стои дека се занимава со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија.

Она што вреди да се напомене е дека оваа штипска компанија многу повеќе извезувала, отколку што продавала на домашниот пазар. Па така, на име приходи од продажба на домашен пазар се регистрирани 2 милиони евра, што е за 6 отсто повеќе во однос на претходната 2022 година.

Наспроти овие приходи, пак, од продажба на странски пазари се остварени приходи од дури 4,7 милиони евра, и овде растот е за цели 30 проценти во однос на една година претходно.

Трошоците за продадени производи и услуги биле 358 илјади евра, и одземено од нив, бруто добивката на друштвото доаѓа до 6,4 милиони евра, која, пак, минусирана со административните трошоци кои се околу 6 милиони евра, ја дава оперативната добивка од 530 илјади евра. Во однос на претходната година тоа е зголемување за 159 проценти.

И откако на сето ова се додаваат и одземаат финансиските приходи и расходи, како и расходите за курсни разлики, се доаѓа до добивката пред оданочување од 457 илјади евра, а, по плаќањето на корпоративниот данок, и до чистиот профит од над 428 илјади евра.

Миле Атанасов, според податоците од Централниот депозитар на хартии од вредност, е убедливо доминантен акционер во компанијата „Макпромет“ и поседува 91,3 отсто од акциите.

Инаку, како што е објавено на берзата, „Макромет“ АД Штип е основана во 1973 година. Својата дејност ја извршува преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија.

Во една прилика од компанијата потенцираа дека имаат 163 вработени, но во најновиот Биланс на успех не се објавени податоците за трошоците за плати за минатата година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор