Кој е жената, која се пензионираше на 28 година со 2 милиони во банка?
Објавено во: Финансии 28 Март, 2017
Слично на другите њујорчани на нејзината возраст, 28-годишната Џеј Пи Ливингстон го поминува слободното време во прошетки со своето куче, гледање Netflix и посетување на установи. За разлика од другите њујорчани на нејзината возраст, Џеј Пи Ливингстон е ... пензионерка.
По седум години работа во елитна фирма од финансискиот сектор, жената успеала да заштеди 2 милиони долари - 40% од инвестиции и 60% од заштеда од нејзини приходи. Тоа и овозможило да го оствари својот сон и да се пензионира порано.
„Ако не ти се наметнува да работиш за пари, можеш да правиш што сакаш“, вели Ливингстон за Business Insider. „Ако сакаш, можеш да одиш на работа, но не ти е потребно.“
Дамата си нашла добра работа веднаш по завршувањето на колеџот. Заработувала 100 000 долари годишно. Била сепак решена да постигне целосна финансиска независност. Година по година приходите и 'се зголемувале, но таа не си дозволувала луксузи - Претпочитала да штеди.
Денес Ливингстон живее со нејзиниот сопруг, тврдејќи дека годишните трошоци кои ги имаат изнесуваат околу 65 000 долари. Главната работа, со што се занимава, е да го пишува сопствен блог со финансиски совети.