17 Мај, 2024
0.0331

Кој ги дава „бесплатните“ кредити во Македонија?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Државата во 2019 воопшто не ја зголемила активата на Развојната банка на Северна Македонија, која во периодот на корона-кризата е популарна по тоа што на микро, малите и средните претпријатија им дава бескаматни кредити за полесно да ја пребродат корона-кризата. 

Покрај тоа, воопшто не била субвенционирана каматната стапка на Развојната Банка кон Европската инвестициска банка за десетиците милиони евра од последната кредитна линија за малите и средни претпријатија, односно истата лани била укината. Државната банка со тоа останала без поддршка од државата за петтата кредитната линија од 44 милиони евра од ЕИБ. Овој износ е најголем во структурата на кредитирање во 2019. 

Минатата година банката, чиј целосен капитал е во сопственост на државата, ја завршила со актива од 10,3 милијарди денари, што не само што е малку за да им конкурира на комерцијалните кредитори, туку и воопшто не била зголемена во однос на 2018, односно за само  260 милиони денари повеќе. Кредитирањето од сопствени средства било само 28,7 милиони евра за цела година.

Ова го потврдува објавениот годишен извештај на РБСМ од последниот квартал лани е предводена од Кире Наумов како нов извршен директор на банката која ја претставува државата во поволното кредитирање на претпријатијата и други субјекти  На денот на завршувањето на годината кредитирањето преку комерцијални банки-посредници, главно со девизни кредити, изнесува нешто повеќе од 150 милиони евра, или речиси исто како и една година претходно.

Нето-приходите од камата се 84 милиони денари, а добивката на државниот кредитор е 18,4 милиони денари, што е за 60 отсто помалку споредено со една година претходно. Од таму велат дека падот се должи на укинувањето на каматните субвенции од страна на државата за кредитите наменети за претпријатијата од последната линија на Европската инвестициска банка, преку која влегува најголемата сума во кредитирањето. 

- Ова намалување главно се должи најмногу на: укинувањето на каматните субвенции од страна на државата за ЕИБ-5 кредитната линија, наспроти субвенциите за ЕИБ 1-4 кредитните линии, надолната линија на ценовната политика кај производите на Банката и ниските каматни стапки на домашниот пазар на пари, велат од РБСМ.

Поразвиените земји од регионот активно го зголемуваат основачкиот капитал на овие банки, кој од една страна треба да го подржуваат извозот и развојот на компаниите и од друга страна да им бидат конкурентни на деловните банки и да одржуваат баланс во финансискиот сектор. Хрватска, Бугарија и Словенија со години наназад преку своите државни развојни банки пласираат стотици милиони евра во своите економии главно за да им овозможат на своите домашни компании поповолни кредити за инвестирање и зголемување на извозот, за да ја зголемат конкурентноста и технолошката опременост на своите индустрии. Поддршката на компаниите со различни мерки преку РБСМ беше предизборно ветување на актуелната власт во 2016.

За време на епидемијата банката ја реализираше првата бескаматна линија Ковид 1 за компании со вкупно 6.524 вработени. Од 28 април започна повикот за бескаматни кредити од 8 милиони евра од линијата Ковид 2. Се најавува и поволна кредитна линија од ЕИБ од 50 милиони евра, за која државата најавува дека повторно ќе ја субвенционира.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА