15 Мај, 2024
0.0256

Кој ги контролира светските залихи на енергенси?

Објавено во: Анализа 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Политичарите и активистите можеби сакаат да зборуваат за обновливи извори на енергија, но со светот се уште владеат фосилните горива. Развојот на технологијата овозможува пристап и до досега не искористените резерви, а располагањето со нафта, гас и јаглен се уште е главно мерило за богатсвото на една земја. Според статистичките податоци од ревизијата на светската енергија што ја направи Бритиш петролеум, ова се петте земји на врвот на енергетската доминација: 5. САД 35 милијарди барели докажани нафтени резерви 8,4 трилиони кубни метри докажани резерви на гас 237 милијарди тони докажани резерви на јаглен ВРЕДНОСТ на резерви (по денешни цени): 28,5 трилиони американски долари САД се втор по големина потрошувач на енергија во светот – кај нив одат 25% од светската потрошувачка на нафтени деривати, додека во производството на деривати годишно учествуваат со едвај 6%. Американската зависност од енергија од увоз, сепак наскоро може да се намали, со оглед на новите технологии кои овозможуваат искористување на резервите кои до сега не беа исплатливи за експлоатација.   4. САУДИСКА АРАБИЈA 265,9 милијарди барели докажани нафтени резерви 8,2 трилиони кубни метри докажани резерви на гас ВРЕДНОСТ на резерви (по денешни цени): 33 трилиони американски долари Саудиска Арабија поседува речиси 1/5 од докажаните резерви на нафта во светот и е најголем производител и извозник на нафтени деривати. Оваа земја исто така поседува и богати резерви на природен гас, но ова подрачје се уште не е утрвдено. Наместо тоа, земјата се фокусира на нафта и, во последно време, се почесто на соларната енергија за да ги задоволи енергетските потреби.   3. ВЕНЕЦУЕЛА 297,6 милијарди барели докажани нафтени резерви 5,6 трилиони кубни метри докажани резерви на гас 479 милиони тони докажани резерви на јаглен ВРЕДНОСТ на резерви (по денешни цени): 34,9 трилиони американски долари Венецуела можеби страда од чести прекини во напојувањето со електрична енергија, недостиг на инвестиции и државна нафтена компанија која тоне во загуби, но сепак има богати енергетски резерви. Венецуела во моментов е 8ми извозник на нафта во светот и има најголеми докажани нафтени резерви во целиот свет. Сепак наоѓалиштето на нафта Ориноко бара покомплицирани методи за експлоатација од другите нафтени наоѓалишта. За да ги искористи резервите, Венецуела ќе мора да го реши проблемот со недостигот на инвестиции и инфлацијата. 2. ИРАН 157 милијарди барели докажани нафтени резерви 33,6 трилиони кубни метри докажани резерви на гас ВРЕДНОСТ на резерви (по денешни цени): 35,3 трилиони американски долари Со другите информации кои доминираат за оваа земја, лесно е да се заборави дека Иран ги има најголемите резерви на природен гас во светот и четврти по големина резерви на нафта. Санкциите кон оваа земја имаат негативен ефект и врз енергетскиот сектор, затоа што ги спречуваат странските инвестиции и тхнолошките достигнувања кои дополнително би го развиле Иран. Сепак, една од придобивките не меѓународните санкции е експанзијата на иранските домашни рафинерии. Доколку Иран постигне договор околу нуклеарното разоружување и ако се подигнат меѓународните санкции, иранскиот енергетски сектор набрзо би можел да биде преплавен од странски капитал. 1.РУСИЈА 87 милијарди барели докажани нафтени резерви 32,9 трилиони кубни метри докажани резерви на гас 157 милиони тони докажани резерви на јаглен ВРЕДНОСТ на резерви (по денешни цени): 40,7 трилиони американски долари Русија во моментов е втор производител на сув природен гас во светот, а во производството на нафта заостанува само зад САД и Саудиска Арабија. Всушност, економскиот раст на Русија во голема мера се потпира на извозот на енергенси, а приходите од нафтата и гасот сочинуваат 52% од вкупните приходи во рускиот Буџет. Руската енергетска доминација се очекува да продолжи и во следните години, особено затоа што се зголемува важноста на природниот гас како енергенс. Б.А.