17 Мај, 2024
0.0336

Кој им прави друштво на Груевски и Мијалков на црната листа на САД?

Објавено во: Македонија 11 Април, 2022

Добивај вести на Viber

На црната листа на САД, не се ставени само екс премиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, туку и други лица од регионот. 

Стејт департментот ги стави на црна листа сопственикот на „Тв Ора“ Или Ндроќи, како и поранешниот пратеник на ПДИУ (партија на Чамите), Аќиф Ракипи.
Тие се обвинети за корупција, уцена, проневера, поткуп и вмешаност во организиран криминал. 
„Организираниот криминал останува значајна закана во Албанија, а криминалните актери продолжуваат да влијаат на албанската политика, користејќи пари и насилство заради поддршка на преферираните кандидати“, пренесуваат албанските медиуми.

Или Ндроќи е сопственик на телевизија Ора њуз, како други пишани медиуми, чиј имот беше запленет од албанската влада во 2020 и 2021 година за претходни криминални активности. Ндроќи ги користел медиумите кои биле под негова контрола за да изнудува и уценува албански граѓани преку барање пари и купување огласи во замена за необјавување на негативни написи во медиумите. Тој посредувал за поткуп во име на ентитет кој сакал да прави бизнис во Албанија.

„Аќиф Ракипи е озлогласен поранешен пратеник од Елбасан, Албанија, кој има штетно и дестабилизирачко влијание врз политичките процеси во Албанија. Бројни организирани криминални групи во Албанија нуделе пари, подароци или слободни работни места или отстапки во замена за гласови за нивната омилена политичка партија. Ракипи долго време е вмешан во организиран криминал и е тесно поврзан со организирана криминална група, во која има политичко влијание, вклучително и преку корупција. На пример, Ракипи го искористил своето политичко влијание за да назначи свои пријатели на клучни јавни позиции во Елбасан и Тирана. Ракипи го загуби мандатот како пратеник во албанскиот парламент, откако обвинителите ја потврдија неговата улога во криминални активности под псевдоним“, наведуваат албанските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски капитал (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД денеска ја прошири листата со уште седум лица од четири земји од Западен Балкан, јавија од американскиот Стејт департмент.

Покрај поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски и поранешниот прв човек на на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на листата се најде и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија минатата година. Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD со адреса во Унгарија, која што е отворена на 15 јули 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со поранешниот премиер Груевски.

На листата се наоѓаат и лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија кои се цел на Извршната уредба 14033, според која се казнуваат сите оние што претставуваат закана за стабилноста на регионот преку извршени акти на корупција, криминални активности и друго дестабилизирачко однесување, изјавија од Стејт департментот. Економски санкции се воведуваат за нив и за уште еден ентиет.

На листата е и Гордана Тадиќ од Босна и Херцеговина од канцеларијата на главниот обвинител. За неа е наведено дека го искористила своето влијание за да се меша во судските процеси.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Тадиќ манипулирал со случаи за да ги заштити политичките покровители од гонење и не успеал да ги додели случаите на обвинителите преку автоматизиран систем за дистрибуција на предмети дизајниран да ги спречи одлуките за доделување обвинител врз основа на лични или политички причини“, стои во соопштението. 

Од Стејт департментот велат дека денешната акција ја засилува заложбата да се промовира одговорност за актерите од регионот на Западен Балкан. 

Проширувањето на црната листа е донесено во согласност со декретот на претседателот на САД, Џо Бајден од минатата година со кој се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и во Северна Македонија.

Инаку, Груевски тврди дека ова е направда и дека од власта лобирале за да го стават на црната листа. 

Можеби ќе ве интересира

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи