Kој испратил оружје во Венецуела?
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2019
Во Венецуела властите објавија дека заплениле пратка на американско оружје за која се верува дека во нивната земја пристигнала од Мајами.
Во соопштението стои дека запленети се 19 пушки, 118 парчиња муниција, 90 радио станици и шест телефони. Властите од Венецуела веруваат дека оружјето и опремата биле најверојатно испратени од Мајами.
Министерството за надворешни работи на Венецуела објави дека заплениле оружје од американско производство на просторот на складиштата на аеродромот Артуро Микелена во градот Валансиа.
За случајот се води истрага која треба да покаже од каде дошло оружјето.