18 Мај, 2024
0.0370

КОЈ ЈА НАПАДНА УКРАИНА, РУСИЈА ИЛИ САД, КОЈ ГИ БОМБАРДИРА ГРАДОВИТЕ - професорката Најчевска и возвраќа на колкешка за ставот за војната

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска со жестока реакција на фејсбук објава на вонредна професорка по маркетинг од Универзитетиот Гоце Делчев од Штип, Тамара Јованов.
Најчевска, по постот на Јованов, прашува, кој всушност ја нападна Украина, и дали тоа беше Русија или САД.
„Јас нешто многу погрешно сум разбрала или ...? Кој ја нападна Украина? Русија или САД? Кој ги бомбардира градовите во Украина и кој убива? Русија или САД?

Кој се закани дека ќе ги нападне сите држави кои сакаат да влезат во НАТО? Русија или САД?

Нешто овде е толку погрешно што веќе не може да се подведе ни под насловот: лажни вести“, пишува професорјката Најчевска на својот фејсбук профил.

А професорката, пак, ја имаше следнава објава. 

„Спомнав пред некој ден, дека за да се актуелизира повторно војната со Украина во јавност и да се овозможи нејзино продолжување, потребно е ново ниво на катастрофа. Еве, сега е актуелен муабетот за вовлекување на Молдавија и Полска во хаосот, оти досегашниов на гнасите од Белата куќа им е малку. Ќе поддржат ново крвопролевање со пари и оружје оддалеку и ќе гледаат што ќе се случи со нивниот експеримент во Европа. Ако народот во Европа не се побуни против лудилово, барем еднакво гласно како што навиваат за холивудските бракоразводни парници, тогаш и заслужува хаос над очигледно празната глава. Или ќе си поживееме во филмот Don't look up, додека дозволуваме забегани политичари со комплекс на богови да ни го кројат новото глобално крвопролевање и мизерија!?“, напишала Јованов. 

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност