26 Април, 2024
0.0276

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР: Многу имиња, една фотеља!

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Се одбројува до избор на нов гувернер. Истекува мандатот на актуелниот, Димитар Богов кој ги ситни последните недели од седумгодишниот мандат. Во јавноста се шпекулираат повеќе имиња на можни кандидати, но според информации на “Фактор“,  не е исклучено дека во битката за гувернерската фотеља ќе биде и самиот Богов. Дел од експертите што ги консултираше “Фактор“ велат дека изборот на нов гувернер на тест ќе ја стави кохабитацијата меѓу претседателот Ѓорѓе Иванов и Владата, односно парламентарното мнозинство.

Ќе има ли договор меѓу претседателот и премиерот?

Се ближи изборот на нов гувернер. Како никогаш до сега, ова прашање е под “мраз“. Во бизнис-политичките кругови“ се коментираат и шпекулираат имињата на можните кандидати, но речиси сите констатираат дека целиот процес на нeкој начин е под превезот на тајност.

Според информации на “Фактор“ во игра се повеќе имиња за можни кандидати, меѓу кои е и актуeлниот Димитар Богов. Така, нашите извори, посочуваат три имиња од банкарскиот сектор, двајца на водечки позиции. Дел од овие луѓе кои даѓаат од банкарството веќе имаат сериозно искуство во креирање на монетраните политики. Еден од банкарите  важи  за влијателен во банкарските кругови, долги години предводник на банкарски групации. Се споменува и име на актуелен функционер, економист кој беше еден од најголмите критичари на економските политики на претходната власт. Наши извори велат дека не е исклучено да се номинира и “професорско име“, економист и добар познавач на состојбите.

Еден од поранешните гувернери Љубе Трпески за “Фактор“ вели дека претстојниот избор на гувернер ќе ја тестира “усогласеноста“ на релација претседател на држава – премиер.

“За изборот на нов гувернер ќе биде потребна голема усогласеност меѓу претседателот на државата, кој дава предлог за избор на  гувернер и премиерот на државата, чие мнозинство треба да го изгласа, односно подржи предлогот во Собранието. Нелогично би било да се предложи решение кое нема да биде поддржано, па оттука ќе биде впечатливо да се види исходот од изборот на нов гувернер. Според мене, процесот на избор се ближи и веќе треба да се знае кој ќе биде номиниран“ – вели екс гувернерот Трпески.

Според позитивната законската регулатива, претседателот на државата дава предлог за избор на гувернер, а пратениците во Собранието се изјаснуваат, односно гласаат по предлогот. Мандатот на гувернерот е седум години со право на реизбор за уште еден. Наши извори велат дека актулениот гувернер не е исклучено дека ќе влезе во игра за уште еден седумгодишен мандат. Од банкарските кругови потврдуваат дека имаат сигнали оти Богов може да биде предлог на претседателот Иванов. Во овој процес за избор на нов гувернер, упатените посочуваат на уште едно име, експониран функционер од ДУИ. Досега бил на значајни функции во извршната власт,  но и со искуство во креирање на монетарната политика.

“ДУИ на некој начин покажа дека ја сака гувернерската позиција,  теоретски е можно да се дојде до договор за вакво решение, но сепак сметам дека тоа нема да се случи, бидејќи партијата на Али Ахмети, во делбата на кадровскиот колач, веќе доби значајни позиции“ – коментира познавач на состојбите за “Фактор“.

Димитар Богов беше избран за гувернер во 2011 година. На позицијата дојде од вицегувернерското место, како најмлад гувернер во историјата на независна Македонија. Изборот на Богов во 2011 година предизвика внатревладин конфлифкт, бидејќи од ДУИ не го поддржа предлогот на претседателот Иванов  и побараа од него да го повлече. Сепак, и покрај отсуството на поддршка од ДУИ и од тогашната опозиција, СДСМ и ЛДП, Богов беше изгласан за гувернер на НБМ. Богов беше наследник на тогашниот гувернер Петар Гошев. Гувернерската фотеља, како што коментираат познавачите, е значајна и како престиж, но и како една од најдобро платените позиции во финансискиот сектор. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката