27 Април, 2024
0.0268

Графикони: Кој ќе биде загрижен кога нафтата нема да биде примарно гориво?

Објавено во: Анализа 05 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Едно од главните прашања на овој век е тоа дали светот ќе успее да се ослободи од зависноста од нафтата. Дали ќе прејдеме на горива кои помалку загадуваат и дали тоа ќе ни се исплати. Секако, доколку дојде до такво нешто оние земји кои се најголемите производители на нафта секако дека ќе бидат силно погодени. Многу ќе биде битно спремни да го дочекаат тој период. Токму на оваа тема, пронајдовме неколку интересни графици: Овој график покажува која треба да биде цената на нафтата во одредени земји, како би можеле истите комотно да си ги одржуваат државните финасии. Знаеме дека земјите како Русија немаат никакви проблеми со јавниот долг, а притоа имаат широк државен сектор. Таквата комоција ја имаат на база на огромни природни ресурси. Но што ако цената на нафтата од некоја причина нагло се намали? Во САД веќе некое време се води дебата за тоа дека треба да се оди на природен гас. Како што гледате цената на гасот таму е во постојано опаѓање и според многумина гасот треба да биде мостот кон зелената енергија. Не е зелен како ветерот, но е далеку подобар за животната средина од нафтата. Овој график како што гледате го потврдува токму тоа. Освен обновливите извори на енергија, гасот има најсилен пораст. Сето ова за сметка на големите загадувачи – нафтата и јагленот. Горниот график ја мери ефикасноста на новите возила во САД. Колку милји може да се поминат со еден галон возило. Нема потреба да пресметуваме во километри, поентата е јасна. Возилата се број еден потрошувач на нафта во светот. Со зголемување на нивната ефикасност ќе се троши и помалку гориво. Како на сето ова ќе одговорат Арапите и Русите, останува да покаже времето. Редакција Фактор