18 Мај, 2024
0.0272

Кој лапна најмрсна дивиденда?

Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Повторно се покажа дека акциите се многу побериќетни од вложувањето во депозити во банките. Дивидендите кои досега се објавија во однос на последните пазарни цени на акциите пред дивиденден пресек носат приноси од 11,1 отсто па до 1,1 отсто

Обичната акција на „Стопанска банка Скопје“ и акцијата на „РЖ Техничка контрола“ се двете акции со најголем дивиденден принос од тие што досега објавија дека ќе делат дивиденда и кај кои помина пресекот (датум) до кој акцијата носи дивиденда. Двете акции носат бруто дивиденден принос од 11,1 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција (последен ден пред дивиденден пресек). На ранг листата има 14 акции т.е. компании кои објавија, а некои веќе и поделија дивиденди. Бруто дивидендниот принос се движи од 1,1 отсто до 11,1 отсто.

Вкупно досега 21 компанија чии акции се тргуваат на берзата објавија дека ќе поделат дивиденда, а за 8 од нив уште не е дојден датумот за дивиденден пресек. Ова се акциите кои уште носат дивиденда:

Р.Ф.