04 Мај, 2024
0.0255

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

Објавено во: Свет 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во 2022 година, целокупното задоволство од животот во Европската унија беше во просек 7,1, на скала од 0 (воопшто не сум задоволен) до 10 (целосно задоволен). Оценката е малку намалена во споредба со оценката од 7,3 во 2018 година и блиску до онаа од 2013 година кога задоволството беше оценето со 7,0.

Ова го покажува истражувањето објавено од Евростат, според кое најзадоволни граѓани живеат во Австрија и Финска, а најмалку во Германија и Бугарија.

Како што покажуваат податоците, луѓето генерално биле позадоволни од нивните лични односи (тие го оцениле овој сегмент со оценка од 7,8) отколку од нивните лични финансии (6,6).

Истражувањето за 2022 година покажа дека задоволството од личните односи и сопствените финансии се зголемува со нивото на образование.

Високообразованите ги оцениле своите лични односи со просек 8, а финансиската состојба со 7,1, додека лицата со понизок степен на образование ги оцениле своите лични односи со 7,6, а финансиската состојба со 6. Спротивно на тоа, задоволството од личната употреба на времето (количината на слободно време) покажува спротивен тренд. Нешто поголемо задоволство од количината на слободното време изразиле оние со понизок образовен успех - оние со пониско средно образование дале оценка 6,9, потоа лицата со високо средно образование своето слободно време го оцениле со 6,8, а најнезадоволни се оние со највисоко образование, оцена 6,6.

За споредба, задоволството од личните финансии значително се зголемило помеѓу 2013 и 2018 година, а потоа останало стабилно до 2022 година, со оценка од 6,6. Задоволството од личните односи остана високо и генерално стабилно во периодот 2013-2022 година, со благ пораст во 2018 година.

Еве ги резултатите за секоја од државите:

Австрија - 7,9

Финска - 7,7

Полска - 7,7

Романија - 7,7

Холандија - 7,6

Белгија - 7,6

Данска - 7,5

Словенија - 7,5

Шведска - 7,4

Италија - 7,4

Малта - 7,4

Ирска - 7,4

Чешка - 7,4

Луксембург - 7,2

Естонија - 7,2

Кипар - 7,2

Литванија - 7,1

Шпанија - 7,1

Франција - 7

Словачка 7

Португалија 7

Унгарија 6.9

Латвија 6.8

Хрватска 6,8

Грција 6,7

Германија 6,5

Бугарија 5,6

Еуправозато

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“