17 Мај, 2024
0.0415

Кој плати повеќе од 100.000 евра за акции во „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Клучниот менаџер на „Макпетрол“, кој 25 години управува со една од најголемите и успешни домашни компании, уште еднаш прати значајна порака до инвеститорите и учесниците на нашиот пазар за хартии од вредност. Андреја Јосифовски вложи повеќе од 100.000 евра во акции на компанијата со која раководи

Одлични вести за сите инвеститори на берзата кои ја следат акцијата на „Макпетрол“. Андреја Јосифовски, човекот што 25 години е на челната позиција во најголемата домашна компанија за малопродажба на нафтени деривати, вложил повеќе од 100.000 евра за да докупи 90 акции во компанијата со која управува.

Информацијата е објавена на берзанскиот сервис за ценовно-чувствителни информации СЕИ – НЕТ https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=53216

Оваа вест, во комбинација со потврдата за носење на закон со кој после 25 години ќе се регулира сопственоста во преносниот гасоводен систем во земјава при што Владата на „Макпетрол“ ќе му исплати повеќе од 30 милиони евра за нивните акции во „ГА МА“, многу веројатно дека позитивно ќе влијае врз пазарната цена на акцијата на „Макпетрол“. Оваа вест создава предуслови и институционални инвеститори да почнат да вложуваат позначајни средства во акцијата на „Макпетрол“ затоа што компанија го реши најважниот и најделикатниот судски спор во Владата како извршен орган на државата. Тоа значи дека ќе нема стратешка неизвесност за судски спор кој и досега траеше многу години и немаше изглед да заврши во предвидливо време. Дополнително позитивно на одлуката на инвеститорите и портфолио менаџерите на фондовите ќе влијае тоа што во „Макпетрол“ наскоро по одобрување на Владата ќе влезат кеш над 30 милиони евра кои можат да се искористат за различни намени. Меѓу другото можна е поделба на дел од тие средства и во форма на дивиденда. А тоа на краток рок дополнително ќе ја зголеми или ќе ја одржи на овие ценовни нивоа пазарната цена на акцијата на „Макпетрол“.

Со сите горенаведени аргументи, вклучувајќи ја и релативно уситнетата акционерска структура на компанијата која значи потенцијал за капитални добивки од раст на пазарна цена при процес на консолидација на сопственоста може да се заклучи дека акцијата на „Макпетрол“ на среден рок ќе биде посакувана хартија од вредност на нашиот пазар на капитал.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија