Кој политичар бара итно да се прекинат преговорите со Турција?
Објавено во: Свет 15 Јули, 2018
Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека Западен Балкан за Австрија е клучен приоритет во нејзината надворешна и европска политика, како и за нејзиното претседавање со ЕУ.
Но, во исто време Курц се заложи за итен прекин на пристапните преговори со Турција.
За грчкиот весник „Катимерини“, Себастијан Курц изјави дека „обезбедувањето искрени перспективи и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан, ќе служи на политичките, економските и безбедносните интереси на блокот”.
Австрискиот канцелар го поздрави договорот Атина и Скопје за новото име на Македонија и додаде дека Австрија го поддржува проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, како што тоа беше претставено од еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
„Тој покажува дека упорни преговори и дипломатија даваат резултат“- рече Курц.
Курц бара ЕУ треба да ги прекине преговорите за пристап со Турција и да бара поинаков вид соработка со неа.