17 Мај, 2024
0.0278

Кој прави профити во милиони евра од чување на парите на идните пензионери?

Објавено во: Економија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Двете најголеми друштва кои управуваат со парите на идните пензионери во вторниот -законски задолжителен пензиски столб заедно за 2023 година имаат профит од 5,3 милиони евра и тоа го оствариле во услови на регулирани приходи

На двете најголеми друштва за управување со парите на идните пензионери очигледно дека им оди добро. А тоа го покажуваат финансиските извештаи за работата на КБ Прво пензиско друштво и Сава пензиско друштво. Овие две компании на македонскиот пазар на капитал управуваат над 90 отсто од сите пари на идните пензионери вложени во вториот задолжителен пензиски столб кој на нашиот пазар опстојува петнаесетина години.

За да станат работите појасни за тоа со колку пари управуваат друштвата во вториот пензиски столб вреди да се истакне дека заклучно со 3 април во вториот пензиски столб се чуваат 2,34 милијарди евра кои во најголем дел се пари на идни пензионери, а во многу мала мерка и на пензионери кои од неодамна го оствариле правото на заслужен одмор односно пензија. На 3 април во вторниот задолжителен пензиски столб членуваат повеќе од 597.000 лица од кои огромно мнозинство се сегашни вработени и идни пензионери.

Од тие 2,34 милијарди евра над 90 отсто од парите ги управуваат токму двете друштва кои ги објавија своите финансиски податоци „КБ Прво пензиско друштво“ и „Сава пензиско друштво“.

КБ Прво пензиско друштво според обем на средства со кои управува е најголемо на нашиот пазар на капитал. Приходите кои ги остварило лани од управувањето со тие средства, а тие се целосно регулирани приходи од државата и мониторирани од МАПАС, за 2023 година изнесуваат 6,5 милиони евра. Од тоа како нето добивка на КБ Прво пензиско друштво му останале 3,07 милиони евра.
Компанијата во својата објава на берзата известува дека за секоја акција следи бруто дивиденда од 1,35 евра.

Сава пензиско друштво минатата година оствари приход од регулираната дејност во износ од 5,9 милиони евра. Токму овој параметар покажува дека бројот на членови во задолжителниот пензиски фонд на Сава во вториот пензиски столб на „Сава“ е понизок од конкурентот „КБ Прво пензиско друштво“. „Сава пензиско друштво“ лани заработила приход од 5,9 милиони евра. Од тоа профит им останале 2,2 милиони евра. Заради тоа што има многу помал број на акции од конкурентската компанија секоја акција со право на глас во акционерската структура на „Сава пензиско друштво“ носи дивиденда од 80 евра за акција.

На сементот на задолжително пензиско осигурување во вториот столб активно работи и најмалата компанија – пензиското друштво на  „Триглав“. Заради тоа што е најмлад неговото учество во структурата на средства е значајно помало во споредба со овие два фонда. 

Р.Ф.

foto freepik.com/josemiguelsangar

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА