29 Април, 2024
0.0362

КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ ПРАВЕДНИОТ ДАНОК - Владата бара нов подобар модел

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Доколу на претстојните парламентарни избори ја добие довербата од граѓаните, оваа Влада планира да го реформира даночниот систем. Таа веќе подготвила и стратегија, која се однесува на периодот од 2020 до 2023 година.

Деновиве министерката за финансии Нина Ангеловска и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска стратегијата им ја презентираа и на бизнисмените, како и на невладините и на експертите. Дали тие ќе ги прифатат новините, ќе се дебатира во наредниот период.

Од Министерството за финансии велат дека стратегијата почнала да се „крчка“ уште во 2018 година, а учествувале не само домашните засегнати страни, туку и меѓународни партнери. Власта на овој начин сака да создаде ефикасен даночен систем, преку кој ќе се бори со сивата економија и со даночните затајувачи, но и со големата економска нееднаквост. 

Во овој документ таа си задава пет клучни задачи кои во периодот од следните три години треба да бидат исполнети. 

Првата е поголема праведност во оданочувањето. Познато е дека Владата додека со ресорот за финансии раководеше министерот Драган Тевдовски го воведе прогресивниот данок, и токму него го нарече праведно оданочување. Но, уште не помината цела година од неговата примена, го „замрзна“ на период од три години.

ДАНОКОТ ЌЕ ЗАВИСИ ОД ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ НА ДОМАЌИНСТВАТА

Сега Владата бара нов модел за праведно оданочување. Велат дела ќе се насочат кон вертикална праведност, за која тврдат дека е подобра од прогресивниот данок. Исто така, за оние со многу повисоки приходи, можно е да има уште повисоки даночни стапки.

Според познавачите, вертикална праведност всушност значи помодерен пристап, односно еден вид подобрување на прогресивниот данок.

„Тоа занчи дека како критериум за оданочување нема да се користи само даночната стапка. Исто така, при даночењето нема да се зема предвид поединецот, туку домаќинството. Односно, за тоа која даночна стапка некој ќе треба да ја плати, ќе се гледаат вкупните приходи на тоа семејство, потоа бројот на издржувани лица во него, како и други квалитативни критериуми. Тоа треба да создаде многу помодерен и поправеден пристап во оданочувањето“, сметаат познавачите.

А таквите намери се најавуваат и во Стратегијата, откако анализата на „прогресивецот“ покажала дека даночните обврзници вложиле голем напор за да избегнат плаќање на данок, а најчести начини што ги користеле биле отворање сметки во соседните земји и пренос на доходот на други лица кои сè уште не го достигнале прагот. 

„Периодот на одложување од 36 месеци ќе се искористи за да се посвети внимание на подобрување на предложената даночна реформа во однос на земањето предвид на приходите на домаќинствата, покрај оданочувањето на доходот на физичките лица, како и можноста за зголемување на прогресивноста преку додавање на дополнителни стапки“, се вели во Стртегијата. 

Се најавуваат и можни промени кај данокот на добивка, но тоа би се правело многу внимателно. Даночната стапка кај данокот на добивка во моментов е 10 отсто за сите компании – од стартап и мали и средни претпријатија до големи компании, со исклучок на компаниите кои се во поедноставениот даночен режим или се корисници на одреден вид на државна помош. 

„Има потреба од дополнителна и опширна анализа на ефективната даночна стапка кај данокот на добивка, согласно најдобрите пракси од ЕУ и слични држави, заедно со целосна анализа на потенцијалното влијание врз пазарот, на подготвеноста да се плаќаат даноците од страна на компаниите и имајќи ја во предвид се полесната миграција на капиталот“, се вели во стратегијата. 

КАЈ ДАНОКОТ НА ИМОТ СТАПКАТА ЌЕ ЗАВИСИ ОД НЕГОВАТА РЕАЛНА ВРЕДНОСТ

За праведно оданочување се размислува и во делот на данокот на имот. Тој во земјава сега е пропорционален, или рамен. Стапката ја утврдуваат општините и таа варира од 0,1 до 0,2 отсто, и истата стапка се применува на сите во општината, без разлика на вредноста на имотот. 

„Ова придонесува кон зголемување на нееднаквоста во богатството а со тоа и кон нееднаквост на приходите. За решавање на ова прашање ќе биде направена детална анализа се со цел воведување на праведна вредност на имотот на кој што се плаќа даночната стапка, односно даночната стапка да се пресмета на вредноста на имотот која што е реална во моментот на оданочувањето“, планира власта.

Преиспитување се планира и за придонесите, но и за износот на максималната пензија. Сега придонесите во земјава вкупно се 28 отсто од бруто платата и има поставено максимален праг т.е. највисоката можна основа за пресметување на придонесите е еднаква на 16 просечни бруто плати. Ова значи дека најголемиот износ на придонеси што можат да се платат е приближно 2600 евра месечно. 

„Предвидено е да направи детална анализа, за да се оцени оправданоста од прагот за највисоката основица, и заедно со проценка за стабилноста на пензискиот фонд и неговиот капацитет да им обезбеди на пензионерите кои ги исполниле условите за стаж и пензија приходи во форма на доживотна пензија“, најавува Владата.

ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗЕЛЕНО ОДНОЧУВАЊЕ

Вториот приоритет, пак, како што говори стратегијата, е поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, преку поефикасна борба против нерегистрираните дејности и затајување на данок. 

Третата задача е зголемена даночна транспарентност, а како четврта е наведен подобар квалитет на услугите, односно да се поедностават и забрзаат постапките и да се намали административниот товар.

И како петти приоритет, но не и најмалку важен, е воведување на зелено оданочување. Тоа ќе има за цел граѓаните и фирмите да ги намалат своите постапки со кои загадуваат, иако не се кажува што конкретно ќе се оданочува.

Од стартот на годинава е на сила Законот за данок на моторни возила, со кој токму за автомобилите кои повеќе загадуваат, се плаќа повисок данок.

Всушност, промените што би се направиле во даночниот систем треба да го зголемат економскиот раст, но и да добијат поширока политичка согласност. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита