05 Мај, 2024
0.0253

Кој се штити со новите законски измени-земјоделците или локалните моќници?

Објавено во: Агробизнис 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска расправање за новите измени во законот за продажба на државно земјоделско земјиште.Опозицијата побара од повлекување на законот. Тие посочија дека со него земјиштето им се дава во раце на моќниците, додека во исто време земјоделците ќе останат земја.

 Според заменик -министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски пак , предложеното законско решение било донесено на барање на земјоделците.

„Предмет на продажба е земјоделско земјиште кое не е под договор и земјоделско земјиште за кое концесионерот ќе даде согласност тоа да се продава. Доколку земјоделецот концесионер не се согласи да го продаде земјиштето, тоа не може да се стави на продажба што значи дека неприкосновено право има концесионерот да каже дали земјоделското земјиште ќе се продава и во кој момент“, истакна  Коњановски.

Дел од земјоделците сметаат дека законот треба да се донесе, но под јасни и прецизни услови, додека други побараа негово повлекување бидејќи, како што рекоа, финансиски не се подготвени да го откупат земјиштето кое го зеле под концесија. Сите се согласни дека рокот од пет години за отплата на земјиштето е премал и оти не треба да се дозволи негова пренамена во градежно земјиште. Согласни се и дека при утврдувањето на цената за продажба на земјиштето треба да се води сметка и за неговата местоположба.

Од опозицијата пак појаснија дека сеуште земјоделците не се доволно информирани за законско решение кое денеска се разгледуваше од Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?