29 Април, 2024
0.0251

КОЈ ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК ЛАПНА МЕСЕЧНА БРУТО ПЛАТА ОД 250 ИЛЈАДИ ЕВРА - УЈП пак не откри имиња

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во 2018 година скопјанка има остварено највисок годишен бруто приход од 1.056.992.055 денари или околу 17 милиони евра. 

Граѓанин од Скопје е втор на листата со остварен бруто приход од 453.517.731 денар или 7,3 милиони евра.

Во првите 10 со највисоки приходи има и лица од Гевгелија, Струмица, Тетово. 

Највисоката годишна бруто плата во 2018 е исплатена во секторот здравство 183.806.532 денари или 2,98 милиони евра, што значи дека овој човек земал месечна бруто плата од 250 илјади евра.  

На листата на највисоки се и палтите во секторот трговија со тутун и тутиунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки, и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Највисокото лично примање по друг основ е 119.268.921 денар на граѓанин од Скопје.

Највисок износ на капитална добивка во последните десет години, односно лице од Скопје остварило 841.164.000 бруто приход. Од дивиденди граѓанин од Скопје над 407 милиони денари. 

Самостојни вршители на дејност доминираат по листата на приходи, каде најмногу се адвокати, нотари, извршители и угостители, вкупен приход 46.024.172 денари. 

Во Гевгелија граѓанин од земјоделска дејност остварил 25.319.395 денари, а нешто помала сума граѓанин од Валандово. 

Од имот и имот права жител од Тетово остварил над 84 милиони денари, а скопјанец над 22 милиони денари од авторски права. 

Од игри на среќа скопјанец во 2018 година заработил 53,6 милиони денари или 871 илјади евра.

Пензионер од Скопје од странство годишно добил бруто пензија од 5,7 милиони денари или 92 илјади евра годишно, односно месечно 7,7 милиони евра.

Највисок годишен бруто приход од пензиски надоместок од доброволно пензиско осигурување е пријавен во Скопје 2,7 милиони 

Во однос на возраста, највозрасно лице со над еден милиони денари приход, имало 99 години, но тој сега веќе е починат.

А најстариот со остварен приход од над 10 милиони денари, има 93 години

Лице родено во 2018 година, односно мало двегодишно дете, остварило доход од дивиденда над 1 милиони денари, а во групата над 10 милиони денари најмладиот има 21 година.

Најбогато физичко лице во 2018 е госпоѓа од Скопје со највисока капитална добивка во последните 10 години

Од УЈП велат дека имиња не откриваат бидејќи приходите се даночна тајна, а во иднина се можни законски измени со кои тие би станале познати на јавноста.

УЈП за 2018 изготви пополнети ГДП за 795.953 граѓани, пријавени 309.058.476.787 денари годишни бруто приходи. 

И 2018 како и претходната, најголем број ГДП има во регионална диркција Скопје.

Голем број од ГДП биле автоматски потврдени, а само 6.544 ГДП биле корегирани. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита