19 Мај, 2024
0.0258

Која банка за 90 дена направи 10 милиони евра нето приход од камати?

Објавено во: Економија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ има интензивно прво тромесечје. Кредитните пласмани за 90 дена пораснале за 9 отсто во периодот кога светот се стресе од злогласниот „корона вирус“. Истовремено нето приходите од камати изнесуваат 9,93 милиони евра и се за 580.000 евра повисоки од истиот период лани. Интензивниот раст на кредити ја „преполови“ добивката заради резервациите кои за првите 3 месеци се за 4,5 милиони евра повисоки од лани кога биле 1,67 милиони евра

Најголемата македонска деловна банка (според актива н.з.) за првите три месеци годинава остварила нето приход од камати во износ од 9,93 милиони евра и нето добивка од 3,54 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи за првиот квартал на „Комерцијална банка“.

Многу значајна вест, за акционерите на банката, е тоа што за првите 90 дена од оваа година нивната банка го зголемила кредитирањето за 9 отсто односно пласирани се нови 74,6 милиони евра во нови кредити и на крајот на март годинава кредитното портфолио на „Комерцијална банка“ „тежи“ 900,5 милиони евра.

Токму заради таа деловна политика во првите три месеци годинава значајно се зголемени во однос на истиот период лани и износите кои банката ги книжи како резервации за издадените кредити. Така на крајот на март годинава нивото на резервации за кредити е 6,16 милиони евра што е 4,49 милиони евра повеќе  од првите три месеци лани. Токму високиот износ на резервации влијаеше негативно (макар и привремено н.з.) на нето добивката на банката која изнесува 3,54 милиони евра и е преполовена во споредба со износот на добивка што банката ја имаше во првите три месеци лани.

Како е на приходната страна?

„Комерцијална банка“ во првите три месециод годината што ќе ја жигоса „корона вирусот“ успеа да оствари подобри резултати во споредба со истиот период лани. Растат вкупните приходи од камати, а расте и нето приходот од камати за 580.000 евра до ниво од 9,93 милиони евра. Минимално намалување во споредба со лани банката има кај втората најголема приходна ставка – приходите од провизии и надоместоци. Тие во однос на првото тромесечје лани, годинава се пониски за 111.000 евра и изнесуваат 3,67 милиони евра. Солиден раст банката има и кај останатите приходи од дејноста. Благодарение на наплатени отпишани побарувања и капитална добивка од запленет па продаден имот банката инкасирала 2,32 милиони евра и имала раст на приходите за повеќе од 100 отсто во споредба со лани кога тие изнесувале 932.000 евра.

Кредитна експанзија и вложување во државни хартии од вредност!

Менаџментот на банката во првите 90 дена годинава имал интензивна активност за пенетрација на пазарот на кредити, а истовремено бил фокусиран на купување државни хартии од вредност. За 90 дена „Комерцијална банка“ одобрила и пласирала 74,6 милиони евра кредити што е за 9 отсто повеќе од крајот на 2019 година. На крај на март нивото на кредитни пласмани надмина 900 милиони евра. Истовремено вложени се 18,5 милиони евра во државни хартии од вредност и сега вкупната вредност на државните обврзници и записи изнесува 232,2 милиони евра.
Во овие три месеци депозитите на штедачите пораснале за 1,2 отсто до ниво од 1,765 милијарди евра („Комерцијална банка“ чува најгмогу депозити во споредба со ситедруги деловни банки во земјава н.з.). 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа