29 Април, 2024
0.0267

Која банка има рекордна добивка во своето постоење? Профитот за три месеци е 10 милиони евра!

Објавено во: Финансии 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Зарем некој може да негира дека е премиум инвестиција во ова лудо време да вложиш во акции на голема домашно-поседувана банка со исклучително висок фри-флоат, која успеала да направи раст на профитот за 36 отсто и добивката да и достигне речиси 22 милиони евра за шест месеци. И при тоа го зголеми кредитирањето за 73 милиони евра за шест месеци? И зошто стан во Скопје да е посигурна и поквалитетна инвестиција од оваа? Па „Комерцијална банка“ за периодот април – јуни има добивка од речиси 10 милиони евра!

„Комерцијална банка“ го има убедливо најдоброто полугодие во својата корпоративна историја. Најголемата домашно-поседувана банка која воедно и најголема банка според активата за првите шест месеци годинава книжи добивка од 18,33 милиони евра што е за фантастични 36 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани, покажуваат објавените официјални податоци од неконсолидираниот биланс на успех. Простата математика покажува дека оваа банка просечно дневно има профит од 101.830 евра за периодот од првите шест месеци годинава.

Да почнеме со ред. Најголемата приходна ставка на „Комерцијална банка“ остануваат најкласичната банкарска алатка нето приходите од камати. За првите шест месеци, во острата конкуренција на другите големи и средни банки, „Комерцијална банка“ ги зголемила за 12,5 отсто нето приходите од камати и тие достигнале 21,6 милиони евра.

Втората најголема приходна ставка остануваат нето приходите од провизии и надоместоци. Тие достигнаа 8,35 милиони евра или 385.000 евра повеќе од истито период лани. Ова укажува на заклучок дека банката ја одржува својата база клиенти без да наметне големи давачки што е случај кај некои други банки кои одат на карта да зголемат провизии и надоместоци при тоа нудејќи други врзани поволности.

Тука вреди да се спомене и тоа што банката за овие шест месеци има 2,2 милиони евра од курсни разлики. Иако е мала ставка многу е важно тоа што растот на приходите по оваа основа е зголемен за 50 отсто.  

Затоа што не може се да биде идеално, овој период банката бележи пад на останати приходи од дејноста. Тие изнесуваат 8,6 милиони евра односно 2 милиони евра помалку од лани.

И еве го клучот на историскиот успех во комбинација со растот на нето приходите од камати. Трошоците на банката за резервации на кредитни пласмани се преполовени во однос на истиот период лани! За првите шест месеци тие изнесуваат 6,1 милиони евра безмалку на половина од истиот период лани кога беа над 11,4 милиони евра. 

Кај билансот на успех вреди да се истакне дека останатите расходи од дејноста 7,1 милиони евра и се зголемени за 1,25 милиони евра.

Од билансот на состојба истакнуваме раст на кредитирањето за 73 милиони евра до 943,8 милиони евра на крај на јуни годинава. Стагнација на вложувања во хратии од вредност (читај дигање „рачна“ за кредитирање на државата н.з.) затоа што вложувањата во државни хартии од вредност се на ниво од 470 милиони евра што е речиси идентично како истиот период лани.

Депозитната база на банката речиси да е идентична како и на крај на 2021 година и изнесува 2,13 милијарди евра.

Р .Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување