29 Април, 2024
0.0274

Која фирма е неприкосновена за аларми и сигурносни системи?

Објавено во: Економија 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Услужните дејности за обезбедување имот и лица имаат голем потенцијал и се солиден бизнис. Ангажираат голема работна сила, на пазарот опстојуваат по дваесетина и повеќе години. Некои од нив се специјалисти за сигурносни системи и од тоа заработуваат сосема солидно

Секој од нас сака да биде безбеден и сигурен. Истото е и со имотот. Обезбедувањето на имотот и приватната заштита се услужни дејности кои се солидни бизниси во кои се вработуваат неколку илјади луѓе во земјава и имаат приходи од неколку десетици милиони евра. Бројките покажуваат дека овие услужни дејности се растечки бизниси, кои имаат голем потенцијал затоа што свесноста кај граѓаните и потребите на компаниите се зголемуваат. Секому се добродојдени професионалци кои знаат да се грижат, да превенираат и да заштитат. Независно дали се работи за имот или за приватна физичка заштита.

„Никоб“ е најуспешната компанија и најголемата компанија од оваа дејност чија специјалност е зашитата со помош на сигурносни системи. Тоа го покажуваат и нивните финансиски резултати. „Никоб“ лани остварил приходи од 14,4 милиони евра и тие се повисоки за 32 отсто во споредба со 2018 година. Колку е голем потенцијалот на овие услужни дејности сам за себе говори и фактот што „Никоб“ е помеѓу стоте најголеми и најуспешни домашни компании. Ова друштво лани остварило профит од 2 милиони евра што е за 3,6 пати подобар резултат од претходната споредбена година. Ова е голема македонска услужна компанија која вработува повеќе од 1.800 лица. Работи успешно веќе 25 години и годинава има јубилеј (основана е во 1995 година). „Никоб“ е неприкосновен на пазарниот сегмент за заштита со помош на сигурносни системи, а има и уште една специфика што ја краси како уникатна успешна домашна компанија. „Никоб“ е сопственик на најголемиот и технолошки најнапредниот центар за обработка на готовина во регионот - „Центар за кеш услуги“, компанија која врши обработка, чување и процесуирање на парични средства, а во портфолиото се поголем дел од финансиските институции во државата. Нуди широка лепеза на безбедносни услуги како физичко обезбедување, техничко и патролно обезбедување, централизиран видео мониторинг, транспорт на пари и вредносни пратки, проджба и имплементација на технички безбедносни системи.

„Никоб“ има 39 сопственици од кои едно е домашно правно лице, а 38 се домашни физички лица. Прв човек и управител на најуспешната компанија е Кирил Лазаров.

Како се позиционирани најголемите компании за обезбедување (приватна заштита)?

На нашиот пазар подолги години успешно  опстојуваат неколку друштва кои се специјализирани за дејноста приватна заштита. Најчесто ги гледаме како редари на јавни собири, спортски натпревари, партиски митинзи, а се почесто и како редари во големи или средни домашни компании, а и во јавни институции.

Во остратат конкуренција лани најголем приход остварила Перпетум мобиле секјурити и лани тој изнесува 3,9 милиони евра што е за 17 отсто подобар резултат од 2018 година. Ова друштво вработува над 600 лица. Сопственик на компанијата е Дејан Костов, а профитот на ПМС лани изнесува 80.000 евра што е за 21 отсто подобар резултат од претходната година.

Најголем конкурент е агенцијата на пензионираниот полицаец Бранко Бојчевски „Оса“ . Ова друштво лани остварило приход од 3,2 милиони евра што е на ниво од 2018 година, а добивката му изнесува 472.000 евра што е за 13 отсто повеќе од 2018 година. Вработува над 420 лица, а на пазарот работи 20 години.

Во оваа конкуренција рамноправно со мажите се бори за место на пазарот и една жена. Верица Милевска Стефановска е сопственичка на друштово МДН Обезбедување кое на пазарот опстојува од 2002 година. Лани оваа компанија остварила приход од 1,6 милиони евра што е исто како и во 2018 година. Добивката изнесува 20.000 евра и бележи пад од 11 отсто во однос на 2018 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка