19 Мај, 2024
0.0254

Која фирма не работи, а плаќа 2,2 милиони евра за плати и дели дивиденда на Владата?

Објавено во: Економија 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ТЕЦ Неготино е уникатна компанија во домашната економија. Не е „ендемски вид“ туку е „единствениот еднорог“. Оваа термоцентрала е „ладна резерва“ на македонскиот електроенергетски систем. Тоа значи дека добива пари за да не работи ништо. Лани инкасирала 3,15 милиони евра (одобрени од РКЕ) и од нив 2,2 милиони евра се за плати на 212 вработени кои одат на работа за да не работат ништо. Верувале или не дури лани ТЕЦ-от на Владата и исплатил и дивиденда од речиси 100.000 евра дивиденда!

Единствената термоцентрала која мазутот го користи како погонско гориво во земјава – ТЕЦ Неготино лани успеала годината да ја заврши со добивка од 174.000 евра, да оствари приходи од 3,15 милиони евра без притоа да предаде на мрежа ниту еден киловат електрична енергија. Во нашиот електроенергетски систем неготинската термоцентрала има статус на „ладна резерва“ што народски кажано е најблиску до „резервно тркало во автомобил“ затоа што го имаш „за не дај Боже“.

Функцијата на оваа компанија е да произведе електрична енергија во крајна нужда во услови кога нема од каде да се најде струја. Централата работи на мазут (крајно нееколошко гориво и најголем загадувач) и има максимален инсталиран капацитет што во крајна линија може да даде електрична енергија колку што реално дава еден блок во РЕК Битола. Секако само многу, многу поскапо. Најпросто кажано производната цена на струјата што ја создава оваа централа не паѓа под 130 евра за мегават час (без да се искалкулира огромната штета врз животната средина од горењето на мазутот).

Лани „спонзори“ на ТЕЦ Неготино биле: прво  ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и потоа по налог на РКЕ таа задача ја добил МЕПСО. ТЕЦ Неготино лани за своето неработење од двете енергетски компании наплати вкупно 3,15 милиони евра и тоа е за 67.000 евра повеќе од претходната година. Трошокот за ТЕЦ -от го утврдува Регулаторната комисија за енергетика и потоа дава обврска на една од државните енергетски компании да го сервисира со плаќање неготинскиот производител. Од официјалните финансиски податоци се гледа дека ТЕЦ Неготино лани остварил бруто добивка од 2,9 милиони евра заради тоа што нема оперативни трошоци. Но затоа има административни трошоци. Тие изнесуваат 2,2 милиони евра и тоа се трошоците на бруто плати и други надоместоци за вработените, вкупно 212 на број. Останатите оперативни трошоци изнесуваат половина милион евра, а за потрошена енергија компанијата лани платила 176.000 евра.

Верувале или не лани и во 2018 година ТЕЦ Неготино на Владата и исплатил дивиденда од вкупно околу 160.000 евра. Од тоа лани се платени речиси 100.000 евра, а во 2018 година се платени 60.000 евра. Официјалните податоци од билансот на состојба покажуваат дека компанијата има акумулирана добивка од 1 милион евра.

Дали ни треба ваква енергетска ладна резерва? Концептот на електроенергетски системи од затворен тип одамна е надминат. Зошто на ТЕЦ-от не му дадат шанса да прави струја па макар тоа значело и голема инвестиција за трансформирање на гас како погонско гориво?

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа