26 Април, 2024
0.0281

Кока-Кола брои загуби, купувачите се повеќе бегаат од шеќер

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Забавениот раст на глобалната економија и оддалечувањето на потрошувачите од засладени сокови „ја нагризаа“ продажбата на Кока-кола шести квартал по ред.

Сето ова ја намалило кварталната добивка на овој американски произведувач на безалкохолни пијалоци за 28 отсто.

Приходите на Кока-Кола ширум светот во кварталот заклучно со 30 септември паднале за седум отсто на годишно ниво, на 10,6 милијарди долари, при што најголем пад на приходите е регистриран во регионите на Латинска америка, но и Европа, Африка и Блискиот исток, пренесе Франс прес.

Растот на приходите во Северна Америка бил силен, но Азија како уште еден клучен пазар за компаниите, евидентирала само благ раст на приходите, се наведува во соопштението на компаниите.

Во тој квартал, нето добивката на компаниите изнесувала 1,05 милијарди долари, што е голем пад во однос на 1,45 милијарди долари од истиот период лани.

Продолжуваме да бележиме солидни резултати на нашите развиени пазари“, изјавил претседателот и генерален директор на Кока-кола, Мухтар Кент.

Да потсетиме, Владата на Португалија предложи воведување данок на газирани и други слатки пијалоци почнувајќи од 1 јануари 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина