26 Април, 2024
0.0282

Колкав економски раст и прогнозира ЕК на Македонија?

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Република Македонија се очекува оваа година да има економски раст од 3,2%. 

Ова е според прогнозата на Европската комисија. 

Романија е лидер со 4,4% раст на БДП, а зад неа е Луксембург. Потоа следуваат Малта, Унгарија и Ирска, додека на шестата позиција се рангирани Македонија и Полска со идентична прогноза за раст на БДП од 3,2%.

За следната година од Македонија се очекува подобрување на перформансите и раст од 3,6%. Истото се очекува и од Словачка.  Анализата на потенцијалот на македонската економија покажува дека може да се очекува намалување на невработеноста до 23,2% годинава, односно 22% во 2018 година. За фискалната политика на нашата држава, ЕК смета дека истата „останала пресретлива во текот на годината“ и тоа со два ребаланса на буџетот донесени во средината на годината, што обезбедило стимул за раст. Тука се вклучени еднократните исплати за жртвите на летните поплави, како и дополнителното просечно зголемување на пензиите од пет проценти во декември минатата година. За Македонија се предупредува дека „очекуваното економско јакнење е доведено во ризик од континуираната политичка неизвесност по изборите во декември 2016 година“ и дека тоа „би можело да го потисне приватниот инвестициски раст и да ја задуши потрошувачката на домаќинствата“. 

„Европската економија се покажа отпорна на бројните шокови што ги доживеа во текот на изминатата година. Растот се држи нагоре (во позитива), а невработеноста и дефицитот се движат пониско. Сепак, повисокото ниво е неизвесно, и што е поважно ги користиме сите алатки на политиките за поддршка на растот. Пред сè, ние мора да се осигураме дека благодетите од растот ќе се почувствуваат во сите делови на еврозоната и во сите сегменти на општеството“- изјави Пјер Московици, еврокомесар за економски и финансиски прашања, даноци и царина.

Европската комисија во зимската економска прогноза, презентирана денеска во  Брисел, очекува безмалку раст кај сите земји членки, а во еврозоната тој ќе биде 1,8 % во оваа и во наредната година.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката