17 Мај, 2024
0.0343

КОЛКУ ЌЕ НЀ ЧИНИ ПРОПАСТА НА ЕВРООБВРЗНИЦАТА ПОРАДИ МИНИСТЕРСКИОТ „ВАКУУМ“ - како земјава остана без толку потребните странски пари

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Сите чекавме на државно конто да легнат 600 милиони евра од државната обврзница која земјава ја издаде пред една недела, но далеку од очите на јавноста се појавил проблем кој направил на оваа сума да треба малку да почекаме. 

Имено, добар дел од јавноста дури сега дознава дека за да се издаде еврообврзницата, односно формално да се дозаврши тој процес, мислењето за оваа хартија од вредност треба да го даде и потпише и министерот за правда. Токму во тој ресор во овој период се случува министерска смена, па од тие причини министерот за правда во заминување Никола Тупанчески, не го потпишал документот пред да ја поднесе својата оставка, која пак беше констатирана на собраниска седница токму на 13 февруари, откако претходно немаше дебата за неговото заминување од Владата.

Тупанчески веќе не е министер, бидејќи за неговото заминување од Владата немаше дебата со оглед дека тој самиот си поднесе оставка, па Собранието само ја констатираше.

Се до синоќа доцна вечерта Тупанчески на фејсбук се немаше огласено на оваа тема.

Од Министерството за финансии велат дека постапката ќе се спроведе дури откако ќе се избере новиот министер.

„Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики“, соопштија денеска од Министерството за финансии.

Додаваат дека согласно процедурата за избор на нови министри во Владата, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието. 

„Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието“, велат од финансии.

Со ова практично од Министерството за финансии потврдија дека еврообврзницата пропаднала, со оглед дека ќе има потреба за нова аукција, што всушност значи дека ќе има и потреба за чекање на нови понуди од инвеститорите.

А, веќе е јасно дека за новата еврообврзница, мислење ќе треба да даде Кренар Лога од Алијанса за Албанците, кој е нов предлог за министер за правда на премиерот Димитар Ковачевски. Како што е познато, тој уште не е избран за нов министер, бидејќи таа собраниска седница почна во понеделникот, но се уште не е дојдено до точката за гласањето за новите министри. 

Во меѓувреме, опозицијата критикува, а дел од експертската јавност вели дека сега едно од прашањата кое треба да се постави е колку земјава ќе ја чини пропаѓањето на еврообврзницата. 

Имено, за издавањето на еврообврзницата беа ангажирани четири финансиски институции, кои, сосема логично, наплаќаат високи провизии. Со оглед, пак, што процесот ќе треба да се повтори, за очекување е дека на овие институции ќе треба повторно да им се плати за услугата, односно за новото дополнително организирање на аукцијата. 

Како што е познато, тогаш се успеа еврообврзницата да се емитува по каматна стапка од 6,25 отсто, но прашање е која камата при наредната емисија ќе се добие за нашата еврообврзница, па доколку таа е повисока, тоа би значело и повисок трошок за земјава. 

Фактор го праша Министерството за финасии колку ќе чини новата емисија на еврообврзницата, но оттаму засега остануваат на објаснувањето што го дадоа вчера, а одгоорите на нашето прашање се очекува во текот на денешниот ден. Штом ги добиеме одговорите, ќе ги објавиме во целост. 

Во меѓувреме, Самоил Малчевски, професор на Меѓунарониот Славјански универзитет, преку фејсбук излезе со став дека штетата за земјава ќе изнесувала околу 100 милиони евра.

„Што значи ова? Штетата од околу 100 милиони евра ќе ја плаќаме сите ние. Намалување на кредитен рејтинг на Република Македонија. Сите сериозни финансиски институции ќе ја стават Македонија на црна листа, толку од ниски камати и поволности при идни емисии на обврзници. Толку од кредити со ниски каматни стапки за Република Македонија! Зошто се случи сето ова? Неспособните итаа да го разрешат Тупанчевски и сега нема кој во име на Министер за правда да ги потпише документите за реализација на еврообврзницата, а рокот истекува денес“, пишува Малчевски на фејсбук. 

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на партијата, вели дека ова било најголем доказ дека и во Владата имало голем раскол и дека немало капетан на бродот. 

„Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари? Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег? Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот? Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме. Оставка на цела влада веднаш“, пишува Кочоска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници