02 Мај, 2024
0.0262

Колку литри пиво пијат годишно Бугарите?

Објавено во: Стил 19 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Секој Бугарин испил во просек 73,5 литри пиво минатата година, покажува статистиката на Унијата на пиварите во Бугарија.

Податоците покажуваат дека продажбата на пиво се зголемила за 2% во 2015 година во однос на 2014 година.

Ако просечната годишна потрошувачка на пиво во Бугарија за последните пет години била 72 литри по глава на жител, тогаш во 2015 година оваа бројка се зголемила до 73,5 литри, информираа од Унијата.

Мажите во Бугарија пијат пиво во просек 12 пати месечно, а жените пет пати. Исклучок има во градот Русе, во кој просечно се пие пиво 13 пати месечно. Тој е и водечки град по конзумирање на пиво заедно со Монтана, каде што се пие пиво 11 пати месечно.

Излегува дека по потрошувачката на пиво Бугарија ја надмина Британија. Бугарите уште се далеку од земји како Германија, каде пијат во просек по 107 литри на годишно ниво или како Чешка, во која потрошувачката е 144 литри по глава на жител.