Колку пари бара Италија од ЕУ по земјотресите?
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016
Италија ќе побара помош од над 7 милијарди евра од Европската унија, за да се справи со обновата по земјотресите кои ја погодија годинава.
Всушност само потресот од 24 август, кога загинаа повеќе од 300 лица, направи штети за повеќе од 7 милијарди евра, проценуваат експертите од италијанската Цивилната заштита.
Во барањето за помош не се вклучени штетите од земјотресот во октомври и последователните потреси. Потресот кој беше со интензитет од 6,5 степени не однесе жртви, но причини значителни оштетувања.