26 Април, 2024
0.0377

Колку пари „истресоа“ партиите за вториот круг од изборната кампања?

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Реклами на телевизии, консултантски услуги, печатење и партиски собири . За ова партиите дале половина милион евра во вториот круг од предизборната кампања.

Финансиските извештаи кои партиите ги доставиле до ДИК, антикорупција и Државен ревизор покажуваат дека партиите од македонскиот блок, односно двајцата најголеми ривали владеачката СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ „се истураат“ со пари и пред овие избори во кампањата, во однос на партиите од албанскиот блок.

Владеачката партија од членарина и донации собрала 429,644 евра а за кампања потрошила 293,154 илјади евра.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ пак потрошила повеќе. На контото на партијата на ВМРО ДПМНЕ имало приходи од 532,800 евра од кои 423,051 евра се потрошени за кампањата.

За време на вториот дел од предизборието партијата на екс премиерот за рекламни пропаганди дала околу 97,300 евра а за транспорт се потрошила 236,037 евра.

113, 517 евра од ВМРО ДПМНЕ отишле на сметка на интелектуални услуги.

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ПОМАЛКУ ТРОШАТ НА КАМПАЊА

Извештаите покажуваат дека партиите од албанскиот блок трошат помали суми за пропаганди во изборните кампањи.

Имено, ДУИ за рекламирање и пропаганда потрошила 101,681 евра. 

Вкупните приходи оваа партија кои ги имала изнесуваат 60,942 евра во однос на расходите кои се во сума од  106,473 евра.

Билал Касами и БЕСА за реклами и пропаганда потрошиле 50,831 евра . Оваа партија во вториот дел од кампањата има приходи од 11,643 евра, а расходи од 53,889 евра. 

ДПА на Мендух Тачи  во вториот дел од кампањата потрошила 3,241 евра а Левица како партија пријавила приходи од 0 денари а расходи од 3,258 евра

4,710 евра за рекламирање и пропаганда дала партијата на Зијдаин Села а најмалку пари за реклами дале независните кандидати.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија