28 Мај, 2017
0.0786

Колку тутун е откупен за еден месец?

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2016

За еден месец  осум откупувачи заклучно со вчера откупиле 10.323 тони тутун. 

Тоа е повеќе од 50% од очекувањата за годинешната реколта, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Просечната откупна цена е 190,80 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 70% или досега се исплатени 1 милијарда и 372 милиони денари. 

Од Министерството објаснуваат дека субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун.

Се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот на тутунот е 15 декември. Право на откуп на тутун има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп е многу голем. 


Можеби ќе ве интересира

Проблемите на земјоделците и земјоделските субвенции

Проблемите на земјоделците и земјоделските субвенции

И ЦВЕЌЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЛИЧЕН БИЗНИС: Доказ за тоа е тринаесет годишната работа на семејство од Теарце

И ЦВЕЌЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЛИЧЕН БИЗНИС: Доказ за тоа е тринаесет годишната работа на семејство од Теарце