18 Мај, 2024
0.1293

Koлку време се чека за добивање на решение за пензија?

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека за месец и половина ги добиле решенијата за пензија, а некои чекале и по три месеци за истото.

Граѓаните се разочарани и сметаат дека во време на дигитализација процесот треба да оди многу побрзо, за да не чекаат со месеци.

Мојот сопруг чекаше два месеци, но има други кои чекаат повеќе време“, рече Успоменка П, граѓанка.

Луѓето не кријат дека посегнуваат и по пријателски и роднински врски со цел полесно да се снајдат во тој административен лавиринт. 

„Чекав три месеци и ако не беа интервенции ќе чекав уште. Имав роднина која работеше во државно и ми помогна. Секој ден им „киснев“ таму. Имаше и дел од стажот кој беше неплатен. Откако фатив врски, беше готово, средив. Направија грешка што им качија плати за 78 отсто, а на пензионерите за 8 отсто. Требаше да биде обратно, па да трчат и да работат, а не вака“, вели Славко, пензионер од Куманово.

Друго прашање кое го поставуваат пензионерите е, како ќе плаќа сметки и од што ќе живее еден човек ако со месеци чека да добие решение и да прими пензија. На тие години не сите граѓани се способни за работа, не сите имаат член од семејството кој ќе им помогне финансиски.

„Јас чекав 4 месеци. Општо, не само за тоа и за многу други работи треба да бркаш врски за да завршиш работа. Тоа се лично нивни пари, на пензионерите, спечалени со нивната мака. Кога ќе слушнеме нешто такво, едноставно тоа е неубава слика, разочарувачки“, рече пензионерка од Куманово.

Од Министерството за труд и социјална политика(МТСП) ни одговорија дека рокот за изработка на решенијата за пензија е 30 дена.

По однос на прашањето кое се однесува на текот и роковите на постапките за остварување право на пензија, Министерството за труд и социјална политика се обрати до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како надлежен орган. Од нивна страна сме известени дека во однос на рокот на  донесување на решение за остварување на право од пензиското и инвалидското осигурување во Фондот, а согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување „Сл.Весник на РМ“ 27/16 во член 11 став 1 е наведен рок од 30 дена, во кој се донесува решение за пензија  ако е поднесено уредно барање. Фондот на ПИОСМ постапува во рамките на предвидените законски рокови. Истовремено, Ве молиме доколку има конкретни предмети од подносители на барања на кои сè уште и покрај законските рокови не им се донесени решенија во постапката за остварување на право на пензија, да ги доставите со цел да се изврши проверка во Фондот по однос на тие предмети“, велат од МТСП.

И доставивме број на конкретен предмет до МТСП, проверија и за два дена ни соопштија дека предметот за добивање на старосна пензија во меѓувреме е решен. Сепак, рокот од 30 дена беше одамна поминат.

Ревизорите и претходно имаа многу забелешки за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско решение. Тие беа резервирани во однос на вистинитоста и објективноста при прикажувањето на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. По извршената контрола на функционирањето во 2021 година, резерви се искажани и од аспект на усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, стои во извештајот од Државниот завод за ревизија. Утврдено е дека и во 2021 не биле надминати констатираните состојби од претходните години, за кои ревизорите во континуитет известуваа. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза