14 Мај, 2024
0.0248

Колку заработи државата од закупот на плацовите во индустриските зони?

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони остварила приход од 6,5 милиони денари од издавање на парцелите под закуп на странските и домашните инвеститори кои работат во нив. 

Наплатата на симболичната сума е регулирана преку договори со компаниите кои имаат свои фабрики во некоја од 15-те основани индустриски зони. Според тоа, сумата од околу 105 илјади евра за долгогодишното отстапување на пространите парцели може да се каже дека е очекувана, поради повластените цени.

Од останатите други приходи кои ги наплатила државата од странските инвеститори се 122 милиони денари од услуги, 95 милиони денари од снабдување со гас и 1,7 милиони од издавање на закуп на објекти, покажуваат двата полугодишни извештаи на ТИРЗ за 2019.

Дирекцијата во 2019 имала 1,258 милијарди денари од националниот буџет за да ги помага инвеститорите со кои е потпишан договор, но и за своите потреби. Околу 490 биле потрошени за трансфери и градежни објекти како инвестициски вложувања, иако на почетокот Дирекцијата имала 905 милиони денари за овие трошоци, од кои добар дел останал недотрошен. 

Од 220 милиони денари за одржување на зоните и за набавка на гас, може да се каже дека биле потрошени сите средства според планот, но од 150-те милиони денари за капитални инвестиции, биле потрошени едвај 10 милиони денари.

Меѓу останатите услуги, Дирекцијата во зоните го гради и одржува одводот, водоводен систем, пристапни патишта, улично осветлување и друго.  Покрај ваквите услуги, ова претпријатие лани обезбедило субвенции и разни трансфери за 390 милиони денари до компаниите во зоните.

Освен преку Дирекцијата, Владата ги помага инвеститорите во зоните и директно со свои средства врз основа на потпишаните договори, а најчеса помош се грантови за остварената инвестиција, нови вработувања, плати и придонеси, како и даночните и царинските давачки.

А.К.





Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра