26 Април, 2024
0.2137

Колку заработуваат трите најголеми приватни универзитети во Македонија?

Објавено во: Економија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Една година студирање на приватните универзитети во Македонија може да ве чини и над 3000 евра откако ќе ги пресметате сите трошоци за школарина, за учебници, дополнителни материјали, униформи и секако задолжителни часови надвор од студентскиот кампус на екскурзии. Токму поради високи цени на сите видови на студии на приватните факултети споредбено со државните факултети каде партиципацијата е многу пониска решивме да направиме анализа колку овој бизнис е исплатлив. Ги одбравме ФОН и Европски како едни од првите приватни универзитети во Македонија и Американ колеџот кој во последните години бележи видлив напредок како во образовната програма така и во присуството на пазарот. 

Комбинирано овие три приватни универзитети за 2016 година успеале да остварат промет од над 6 милиони евра. Сите работат позитивно и годината ја завршиле со добивка со тоа што најголем раст има кај ФОН, Европски има пад на приходите но, работел со повисок профит лани, а Американ иако има пад на приходите нема големи последици врз чистата заработка.

ФОН Универзитет кој се декларира како првиот приватен универзитет во земјава во 2015 година имал вкупни приходи од 1,8 милиони евра, за лани да забележи вистински раст со приходи кои достигнале 2,1 милиони денари. ФОН лани има и подобрена профитна маржа па така за 2016 чистата заработка изнесува 210 илјади евра или за 40% повеќе во однос на 2015 година. ФОН Универзитетот е во сопственост на бизнисменот Сефер Цановски кој се обидува постојано да ги унапредува студиските програми со нови можности за младите, како и да привлече квалитетен професорски кадар. Вкупните расходи на ФОН за минатата година изнесуваат 1,8 милиони евра или 162 илјади евра повеќе во однос на 2015 година. ФОН има и најголем број на вработени, дури 157 во 2016 што е најмногу споредено со останатите на оваа листа.

Европски Универзитет интересно е што иако бележи пад на приходите добивката во 2016 година му е повисока во однос на годината претходно. Така лани Европски остварил вкупни приходи во износ од 2,5 милиони евра или за десетина посто помалку во однос на 2015 година што и не е така незабележителен пад. Од друга страна главниот подвиг на Европски Универзитет лани е што успеал драстично да ги намали расходите за околу дваесетина проценти, што секако многу влијае и на профитната маржа. Европски лани потрошил само 2,1 милион евра. Европски го зголемил бројот на вработени лани од 90 на 105. Долги години предводен од Бојо Андревски, Европски ги има речиси истите факултетски насоки како и ФОН но, секогаш сака да се издвои со факултетот за стоматологија. Крајната добивка на Европски Универзитет за 2016 е околу 400 илјади евра што е многу подобар резултат во споредба со 2015 година. 

Универзитет Американ Колеџ е исто така приватна образовна институција која предавањата ги води со повеќе странски професори и повеќе ги истакнува економските насоки кои се меѓународно признати. Американ во 2016 успеал да реализира промет од 1,4 милиони евра што е помалку од годината претходно со пад од околу 10%. Американ успеал да ги држи трошењата под контрола па така лани имал вкупни расходи од 1,1 милиони евра или за десетина илјади евра помалку од лани. Со подобрената профитна маржа иако вкупните приходи се намалени крајната добивка не трпи преголем удар па така во 2016 профитот за Универзитет Американ Колеџ изнесува нешто над 250 илјади евра. Секако, ова е за десетина посто послаб профитен резултат од 2015 година, а притоа намален е и бројот на вработени од 65 на 59.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката