06 Мај, 2024
0.0290

Колку заработуваат фирмите што се грижат за „Ист Гејт Мол“ и „Скопје Сити Мол“, омилените места на скопјани?

Објавено во: Економија, Анализа 25 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Скопје е град со модерни трговски центри во кои секој може да ја почувствува магијата на купувањето. Блескави и перфектно уредени излоги, полни рафтови, љубезни продавачи. Дополнително забавни катчиња и разновидна понуда за сите што ќе влезат од деца од возрасни и ќе го добијат атрибутот: неговото височество - купувачот. Ако цениме по квалитетот на услугата и асортиманот на понуда што го има во двата големи молови, Скопје веќе е рамноправен со многу европски метрополи

Трговијата не е само купување. Тоа е дожививање, магија, дружење, социјализација. Модерните современи корпорации во развиениот западен свет го донесоа популарниот шопинг на ниво да биде „опиум“ за граѓаните. Сето незаборавно и разноврсно искуство и забава што ја нудат во трговските центри од затворен тип според светски стандарди, ја нудат и два големи мола од затворен тип во Скопје.

Кои се најголемите скопски молови и како работат компаниите што управуваат со нив?

„Ист Гејт Мол“ е најнов, најголем и најмодерен комплекс што нуди шопинг и забава на простор од 160.000 квадратни метри. Од тоа 57.000 квадратни метри се површина за изнајмување. Располага со 2.000 сопствени паркинг места. На нивната веб страница е наведено дека имаат над 220 продавници кои нудат односно претставуваат повеќе од 350 бренда. Со оваа голема и обемна маршинерија успешно управува компанијата Еаст Гате Малл. Лани ова друштво вработувало 38 лица, а успеало да оствари приход од 18 милиони евра. Добивката на крај на 2022 година била безмалку 3 милиони евра. А тоа е 17 отсто од приходот што значи дека резултатот е за почит. 

Другата голема скопска трговска дестинација е „Скопје Сити Мол“. Овој комплекс располага со 150 продавници. Располага со 1.000 сопствени паркинг места. Ова е првиот современ трговски центар во Македонија од затворен тип лоциран на територија на Општина Карпош со вкупна бруто површина од 90.000 квардатни метри. Центарот работи подолго од десет години, беше отворен во октомври 2012 година. Со него управува „СЦМ Ретаил“. Оваа компанија лани, очекувано, имала помал приход од големиот конкурент од скопска Автокоманда. Но затоа добивката лани била поголема од конкурентот и изнесува 4,8 милиони евра што е 35,5 отсто од остварените приходи лани.

Каде е во оваа конкуренција државниот ГТЦ?

ГТЦ е еден од симболите на Скопје и за многумина има трајна и урбана вредност. Затоа и го гушкаа и гордо кажуваа дека го одбраниле од барокната „инфекција“. И тука нема дилема дека е така. Но „медаљата“ има и друга страна. Како работи државната компанија што во епи-центарот на главниот град одржува речиси 120.000 квадратни метри: дуќани, пасажи, лифтови, придружни објекти, паркиралиште, куглана и други корисни површини? Како е да водиш компанија што речиси и нема за издавање  деловен простор затоа што е пробран и распродаден ама мора да извади за плати на повеќе од 200 вработени?

Такви се и резултатите. Лани завршил со загуба од речиси 600.000 евра. А таа во најголем дел е резултат на огромниот притисок од трошоците за своите вработени, а ги има над 220.

И без да се коментира параметрите за трите компании кои управуваат со скопските трговски центри покажуваат се.

*За жал во ова рангирање не бевме во можност да ги вклучиме трговските центри Веро Џамбо и Рамстор. Компаниите кои раководат со нив раководат и со супермаркетите на овие бреднови.

Темата е изработена врз основа на податоци од Централен регистар на Македонија
Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?