Колку животи однесе ураганот Марија во Доминика?
Објавено во: Свет 21 Септември, 2017
Над 15 луѓе се мртви и 20 се пријавени за исчезнати во Доминика, откако ураганот Марија помина низ островот, објави премиерот на Карибскиот остров, пренесува „BBC“.
„Беше чудо што бројката на мртви не се брои во стотици“ – вели премиерот Рузвелт Скерит.
Ураганот Марија, помина низ Доминика како бура од четврта категорија во понеделникот, при што од овој рајски остров направи пустош, а десетици домови беа уништени.
Невремето потоа се префрли во Порторико, оставајќи го целиот остров без електрична енергија.