30 Април, 2024
0.0283

Компаниите на удар по скандалот за прислушување во САД

Објавено во: Анализа 28 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Околу 350 милијарди долари во 2016 година може да ги чини компаниите тоа што шпионажата од страна на Агенцијата за национална безбедност во САД излезе на виделина, објави Bloomberg. Причината за тоа се сомнежи во врска со безбедноста на информациите во нивните системи, тврдат од Technology & Innovation Foundation, истражувачка група, во која влегуваат претставници на компании како IBM и Intel. Според Ребека Мекинон, научен соработник во New America Foundation, потенцијалните празнини се доста големи, имајќи предвид колку растот на економијата зависи од информациите. Најголемиот производител на компјутерска мрежна опрема во светот Cisco Systems соопшти дека овој месец дека откритијата за активностите на НСА водат до познати осцилации меѓу клиентите. Налозите во Кина се намалиле за 18 отсто во последните три месеци. Случувањата немат значително влијание, но сигурно е причина луѓето да почнат да  размислуваат за безбедноста, смета шефот на одделот за развој и продажба во Cisco Роберт Лојд. Вестите за набљудувањата од страна на САД, кои беа откриени од Едвард Сноуден, имаат голем потенцијал да нанесат штета на конкурентноста на компании како Apple, Microsoft и Google, смета Ричард Сaлгадо, директор на Google за правни прашања и безбедноста на информациите . Според него довербата кон компаниите е загрозена, а тоа е од суштинско значење за нив. Откритијата за шпионажа ги натераа владите да ги разгледаат предлозите за ограничување на слободниот проток на информации", тврди Салгадо. Според него тоа може да доведе до сериозни несакани последици, како намалување на безбедноста на податоците, зголемување на трошоците и намалување на конкурентноста. Држави како Кина и Русија, кои се стремат кон поголема контрола врз интернет, гледаат како нивните идеи регрутираат сили. Индија, Мексико и Јужна Кореја исто така се борат за наметнување на поголеми ограничувања. Претседателот на Бразил Дилма Русеф, повика на нов разговор за интернет управување. Повикот беше поддржан од Германија, чиј канцелар Ангела Меркел исто така е жртва на прислушување. Скандалот во Германија најверојатно ќе го оштети бизнисот на Akamai Technologies во земјата, смета Том Лејтон, извршен директор на Cambridge, компанија која помага на корпоративните клиенти да испорача онлајн содржина побрзо. К. К.