26 Април, 2024
0.0287

Компанија на неделата „ОКТА АД Скопје“

Објавено во: Анализа 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

Оваа недела ви ја претставуваме ОКТА АД Скопје.okta2

Во 1982 година, со почетокот на работата на процесните постројки, ОКТА АД - Скопје го доживува своето раѓање како единствена рафинерија на сурова нафта во нашата држава. Пред почетокот на новиот милениум, ОКТА започнува да ја создава својата нова иднина како дел од една од најголемите групација во енергетскиот сектор–Групацијата Хеленик Петролеум. Јануари 2013 година, беше последниот месец од производството на ОКТА по што компанијата влезе во процес на трансформација од нефлексибилна и неефикасна тешка индустрија во брзорастечка и ориентирана кон клиентот, логистичка и трговска компанија. Оттогаш постои и работи како столб на индустриската и економската сила на земјатва, останувајќи најголемиот снабдувач на гориво на домашниот пазар. ОКТА има развиено и малопродажна мрежа од 25 бензински станици ширум земјава, преку кои обезбедува високо квалитетни производи и услуги до крајните корисници.

Одбор на директори: Evangelos Stranis – Претседател, Ioannis Geroulanos – Главен извршен директор, Vuk Radovic– извршен член, Georgios Kambadelis, Emmanouil Bardis, Konstantinos Mademlis, Daniil Antonopoulos.

Интервју со ОКТА АД Скопје

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

ОКТА зад себе има исклучително успешна година. Во година на светска криза на нафтениот пазар проследена со надолниот трендна цената на горивата, кои ги оптоварија нафтени компании со девалвирање на нивните залихи, успеавме да оствариме позитивни финансиски резултати. Со проактивен пристап кон комерцијалната политика и намалување на оперативните трошоци, успеавме да го зајакнеме нашиот пазарен удел на домашниот пазар, зголемувајќи ги извозните количини на пазарот во Косово.

Како главен снабдувач со гориво на земјава покривајќи околу две третини од вкупните потреби на домашниот пазар поставуваме нови стандарди во малопродажбата со започнување на единствената Програма Гаранција за контрола на квалитетот и количината на нашите горива. Покрај досегашните три контроли кои ги спроведуваме на горивата низ целокупниот ланецот на снабдување, со оваа интегрирана програма сега воведуваме четврта контрола која ја вршиме редовно и ненајавено на самите бензински станици со бренд ОКТА. Специјално креирана за нашите потрошувачи Програмата Гаранција претставува уште една потврда дека кај нас тие може да се чувствуваат заштитени и сигурни во секој литар.

2015 година беше исто така успешна година и во поглед на нашите континуирани заложби кон подобрување на условите во заедницата каде делуваме. Во таа насока, крајот на годината беше одбележан со комплетирањето на напредните проекти за заштита на животната средина. Двегодишниот придонес на ОКТА во кампањата „Шанса за живот” беше препознаен и од заедницата со што компанијата доби Меѓународна награда за најдобра општествено одговорна практика.

Сите овие достигнувања не охрабруваат да продолжиме да бидеме посветени кон постигнување на видливи и мерливи бенефити за нашите вработени, нашите потрошувачи и општеството пошироко.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Берзата од нејзиното формирање во 1995 година има навистина неискористени потенцијали. Иако во моментов не се наоѓаме на листата на котирани компании со најтргувани акции, бидејќи само мал процент на нашите акции се во оптег, сепак, нашата мајка компанија има искуство почнувајќи од 1998 година, со значаен обем на трансакции на берзите во Атина и Лондон. Слободно можаме да кажаме, дека Берзата има одличен менаџерски тим и верувам дека јавноста треба да биде запознаена со вистинскиот опсег на работа на берзата. Покрај транспартеноста што претставува навистина етичка вредност за секоја котирана компанија, треба да се има предвид дека за вистинска берзанска активност потребна е здрава, силна и растечка економија. Ние сме оптимисти и имаме позитивен став дека порано или подоцна во поголема европска рамка, земјата успешно ќе ги надмине проблемите поврзани со невработеноста и заштедите,  уживајќи забрзан раст. Со ова Берзата ќе прерасне во една од најатрактивните што ќе работи успешно во Југоисточна Европа.

okta berza

okta fin pokazatli

okta fin1

okta dvizene na cenata

okta komparativen pregled