15 Мај, 2024
0.0651

КОМШИЌ ДО ВУЧИЌ: Aко се откажувате од Дејтонскиот договор, работите во БиХ поинаку ќе ги уредиме

Објавено во: Балкан 25 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Повеќе партии од БиХ бараат да се суспендира Стратегијата на српскиот претседател, Александар Вучиќ затоа што сметаат дека носи ризици за регионот. 

Претседавачот со Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, вели дека усвојувањето на Стратегијата за одбрана и национална безбедност на Србија би значело нарушување на регионалниот мир и стабилност. 

Вели дека тоа би претставувало и вовед во нови тензии на просторот на Западен балкан, бидејќи тоа би бил акт на отворено непријателство кон државата Босна и Херцеговина. 

Тој оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ треба веднаш да ја суспендира Стратегијата, пред да биде доцна. Го потсети дека сè уште се свежи раните од последната српска агресија и спроведен геноцид, објави Фена.

„Ако во Србија мислат да се откажат од Дејтонскиот мировен договор, нека го кажат тоа – ќе ни биде задоволство работите во БиХ поинаку да ги уредиме“, изјави Комшиќ.

Toj потсети дека гаранти на Дејтонскиот договор се земји членки на НАТО. Комшиќ вели дека БиХ треба и ќе стане членка на НАТО, баш затоа што Србија има претензии кон нејзината територија. Вели дека тие брзо ќе дојдат на граница со Дрина за да ги спречат српските фантазии. 

Реагираше и социјал-либералната Наша странка (НС) од БиХ.

„Србија со својата Стратегија за одбрана повторно покажа територијални претензии кон БиХ. Зачувувањето на Република Српска им е национална цел, што е партикуларен и тенденциозен пристап кон БиХ, а ги подгрева и сепаратистичките намери во тој ентитет”, стои во реакцијата од НС.

Додаваат дека Србија, очигледно, не сфаќа дека со ваквите чекори токму таа најмногу влијае на зговарање за укинување на ентитетот Република Српска, бидејќи начинот на кој ја брани, импонира на оние сили кои би ја припоиле кон Србија. 

Повод за ваквите реакции е документот кој вчера го презентираше министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин во Собранието. 

Во него се вели дека „чувањето на Република Српска како ентитет во БиХ е во склад со Дејтонскиот договор, и унапредување на положбата на Србите во регионот, и светот од посебно значење за безбедноста и одбраната во Република Србија“. Ова стои во Стратегијата за одбрана за 2020 година. 

Србите во БиХ се години наназад се противат на тоа БиХ да биде членка на НАТО. 

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот