26 Април, 2024
0.0285

Коњско на тапет! Охрид носи планови, Инспекторатот ги спори

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Според Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Деталниот урбанистички план за катастарската општина Коњско, како дел од туристичкиот комплекс „Св. Стефан“,а беше донесен на 28 ноември годинава од Советот на Општина Охрид, отстапува од одредбите пропишани за донесување урбанистички планови. Затоа Инспекторатот побара стопирање на примената на Одлуката на Советот за Коњско.

Како што соопштуваат од Инспекторатот, при контролата констатирано е дека во текот на постапката ДУП е работен спротивно од методологијата и одредбите на законот, како и дека не е во согласност со намените предвидени во Генералниот урбанистички план за тој дел и не се почитувани во целост одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање.  Затоа Државниот инспекторат му укажал на градоначалникот на Охрид да постапи согласно Законот и да побара од надлежните комисии да ги отстранат неправилностите како и да се поништи Одлуката од 28 ноември 2012 година.

Инспекторатот упати и апел до градоначалникот и одговорните служби во општината Охрид доследно да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за просторно и урбанистичко планирање и правилниците за негово спроведување при водење на постапките за донесување урбанистичко планска документацијата. Исто така ги повика и членовите на Советот преку комисии на Советот да ја следат работата на градоначалникот и одговорните служби со цел да не се доведуваат во слични ситуации.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица