Добивај вести на Viber
Првата транша од кредитот за помош на Кипар се очекува да ја добие во мај.
Преговорите на земјата со тројката меѓународни кредитори од Еврпската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се во крајна фаза и треба да завршат пред викендот.
По усвојувањето на договорот од Еврогрупата ќе почне постапка за ратификација од парламентите на земјите од еврозоната.
Минатиот месец Еврогрупата одобри спасувачки пакте во вредност од 10 милијарди евра за Кипар.