15 Мај, 2024
0.0255

КОНЕЧНО НЕМА ДА МОЖЕ ДА КИДНАПИРА И СИЛУВА ДЕЦА - доживотна казна за малчанскиот берберин

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Човекот кој го предизвика гневот на цела Србија, но и пошироко во регионот, Малчанскиот берберин, доби доживотна робија. Нинослав Јовановиќ беше осуден на доживотна казна затвор поради грабнување и злоставување на 12-годишно девојче.

Јовановиќ одби да присуствува на изрекувањето на пресудата, но во судот беа родителите на неговата последна малолетна жртва.

Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот берберин, беше осуден на 11 години затвор за киднапирање на 12-годишно девојче, додека за силување во продолжено траење е осуден на доживотен затовр, па како единствена казна му е изречена токму доживотен затвор.

Малчанскиот бербер прекарот го доби поради својата свирепа потреба жртвите да ги шиша пред да ги силува. Повеќе од 20 години од својот живот ги поминал зад решетки, а секојпат кога ќе излезе на слобода, го повторувал кривичното дело.

Јовановиќ, повеќекратен силувач, девојчето кое тогаш имало 12 години го грабнал на 12 декември 2019 година во Брзи Број во 7.25 часот, пресретнувајќи го на пат до училиште. Тој со измама го навел детето да влезе во неговиот автомобил „фиат пунто“, кое претходната вечер го украл во Малча. Тој на девојчето му рекол дека е новиот електричар кој работи во нејзиното училиште и го замолил да му го покаже патот. Девојчето влегло во возилото, по што почна повеќедневната драма како што не е видена во Србија.

Кога девојчето сфатило дека не одат кон училиштето, Јовановиќ ја заплашил и ѝ се заканил дека ќе и ги убие родителите. До тој момент никој во Србија не знаел дека девојчето е киднапирано. Полицијата и жандермеријата потоа го пребаруваа целиот крај, а петтиот ден е побарана помош од граѓаните, а објавена беше и неговата фотографија за да се олесни потрагата.

Во селото Орешац е пронајдена куќата во која е ишишано девојчето. По неколу дена во друго село е пронајдено девојчето, истепано и во модринки. Фатен е на 5 јануари 2020 година на гробиштата во своето родно место Малча.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи