14 Мај, 2024
0.0323

КОНКУРС НА ЕРАЗМУС ПЛУС: Е-твининг работилница за професионален развој

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Националната агенција за европско образование и мобилност објави конкурс од 4,7 милиони евра за едукација и модернизација на образованието.

Зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието и подобрување на конкурентноста на човечкиот потенцијал и на националната економија беше една од целите на e-Tвининг семинарот што овој викенд се одржуваше во Охрид.

Во рамките на овој семинар се одржуваа низа работилници за професионален развој и стекнување на вештини и искуства кои се бараат на интернационалните пазари на труд.

40e35a27-2f0d-416f-89db-07ed72520418е-Твининг семинарот е во организација на националниот сервис за поддршка на Република Македонија во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е-Твининг

Националниот сервис за поддршка на Република Турција. На семинарот присуствуваа над 100 лица од 19 земји: Македонија, Србија, Словенија, Шведска, Белгија, Холандија, Литванија, Финска, Норвешка, Германија, Австрија, Естонија, Исланд, Латвија, Данска, Франција, Португалија, Словачка и Турција.

d66c2d0f-9516-4d29-baff-c73a525cc386Преку различни работилници, на кои беа споделени искуства и можности од повеќе земји, присутните имаа можност да ги осознаат најновите искуства во образованието, но и можностите за обуката и младинската работа, да добијат основни информации за начинот на кој можат да се вклучат и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата. е-Твининг семинарот е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во чии рамки се одвиваат активностите на Еразмус плус програмата годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек.