26 Април, 2024
0.0346

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Дали и денес ќе ги слушаме внатрепартиските реплики или пратениците ќе изгласаат нов спикер?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Вчера продолжи конститутивната седница на која што опозицијата со 20 потписи го предложи Талат Џафери од ДУИ за собраниски претседател, но сепак пратениците не стигнаа до оваа точка на дневен ред на собраниската седница.

Бевме сведоци на внатрепартиски реплики меѓу партијата која во моментов има најмногу пратеници во Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека спикерот треба да дојде од нивните редови, затоа што се победничка партија.

Точно напладне денеска конститутивната седница ќе продолжи.

Опозиционерите сакаат брзо решавање на ова прашање со цел поскоро избирање мандатар и мирен трансфер на власта.

Од ВМРО ДПМНЕ речиси цел ден зборуваа за отфрлање на платформата на албанските партии и за зачувување на унитарниот карактер на државата.

Петре Шилегов побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ,  да престанат да ја блокираат работата на Собранието со неделовничкото реплицирање на самите себе и да дозволат парламентарното мнозинство да избере претседател на Собранието.

На ова пак му возврати Илија Димовски „нема да прифатат партии коишто минатите години покажаа многу пати како се блокира Собрание, како се поднесуваат илјадници амандмани, како се блокираат над 150 закони, да држат часови и лекции за тоа како Собранието треба да работи“.

Можеби денеска пратениците ќе си ја сфатат работата посериозно и ќе го решат прашањето кое ќе ја одблокира работата на Собранието.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“