04 Мај, 2024
0.0323

Контролирајте го квалитетот на воздухот во својот дом, каде и да сте

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО) секоја година во светот умираат околу 7 милиони луѓе како резултат на заболувања предизвикани од загадениот воздух. Од нив околу 600.000 се деца на возраст под 15 години.

Мерните станици низ Македонија секоја година регистрираат енормни нивоа на аерозагаденост, што ја става државата на првите места во светот според загаденоста на воздухот.

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот во домашни услови може да биде од 2 до 5 пати поголемо од надворешниот воздух, што е предизвикано од природната вентилација во воздухот и пропуштањето алергени како што се ситните PM 2,5 честички прав и цветниот полен, но и поради другите алергени присутни во домот како домашен прав, грини, спори од мувла, животински влакна, бактерии и вируси.


Од тие причини, сè повеќе луѓе се одлучуваат за користење на апарати за прочистување на воздух. Анализите покажуваат дека Philips прочистувачите на воздух отстрануваат до 99,97% од загадувањето на воздухот во домот како резултат на инсталираниот Nano Protect HEPA филтерот со помош на кој се отстрануваат честички со големина до 0,003 микрони. Исто така, извршените клинички тестови од страна на фондацијата „Европски центар за истражување алергии“ (ECARF) потврдуваат дека апаратите за прочистување воздух на Philips придонесуваат за ублажување на алергиските симптоми.

Една од поголемите предности кои ја нудат Philips апаратите за прочистување на воздух е далечинското прегледување и контрола на квалитетот на воздухот во домот преку мобилна апликација на вашиот мобилен телефон или таблет. Апликацијата Air Matters содржи комплексни информации и алатки, така што помага во контролирањето на квалитетот на воздухот со помош на прегледување на квалитетот на воздухот во вашиот дом и на надворешниот воздух во реално време, прогноза на квалитетот на надворешниот воздухи меморирање на претходни податоци. На тој начин, квалитетот на воздухот во домот е целосно под ваша контрола.

Дополнително, Smart Sensing технологијата која се користи кај Philips прочистувачите на воздух, овозможува управување во реално време и автоматско елиминирање на сите три главни закани за воздухот во внатрешниот простор од типот на честички, штетни гасови и алергените кои се наоѓаат во затворениот простор.


Предностите на модерната мобилна технологија во комбинација со технолошките иновации инкорпорирани во Philips апаратите за прочистување на воздух обезбедуваат целосна контрола на квалитетот на воздух во вашиот дом, како и успешно справување со загадувањето во секое време од денот.

Во деновите кога мерните станици надвор бележат високи нивоа на аерозагаденост и вредноста на РМ честичките достигнува алармантни бројки, имате избор да ја земете контролата во свои раце и само со неколку кликања на вашиот мобилен телефон или таблет да отстраните до 99,97% од загадувачите на воздухот во вашиот дом. Со помош на Philips прочистувачите на воздух вистински ја вдишувате разликата, обезбедувајќи чиста и здрава животна средина за себе и своите најблиски, каде и да сте, бидејќи секој здив е навистина важен!

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото